Децата од Љуљаjљако

Од Википедија — слободната енциклопедија

Децата од Љуљаjљако [1] (шпански: Los Niños del Llullaillaco), познати и како Мумиите од Љуљаjљако, се три детски мумии од Инките откриени на 16 март 1999 година од археолошкиот тим предводен од Јохан Рајнхард во близина на врвот на Љуљаjљако (6739 м.), стратовулкан на границата меѓу Аргентина и Чиле. Децата биле жртвувани во религиозен ритуал на Инките што се одржал околу 1500 година. Во овој ритуал трите деца биле дрогирани со кока и алкохол [2] а потоа ставени во мала комора (1,5 метри) под земја, каде што биле оставени да умрат. [3] Според Рајнхард, мумиите „изгледа се најдобро сочувани мумии на Инките пронајдени воопшто“, а другите археолози сметаат дека се меѓу најдобро сочуваните мумии во светот.[4] [5] [6]

На 20 јуни 2001 година, аргентинската Национална комисија за музеи, споменици и историски места ги прогласила Децата од Љуљаjљако за национална историска сопственост на Аргентина. [1] Од 2007 година мумиите се изложени во Музејот за археологија во аргентинскиот град Салта.

Позадина[уреди | уреди извор]

Карта на која е прикажана експанзијата на Царството на Инките во 15-тиот и 16-тиот век.

Царството на Инките (кечуански : Tawantinsuyu, „Четирите региони“), било најголемо царство во предколумбовска Америка, [7] и најверојатно најголемо царство во светот на почетокот од 16 век.[8] Царството било создадено во областа околу градот Куско, високо на Андите во денешно Перу, во 13 век. Цивилизацијата на Инките географски не се проширила многу до средината на 15 век. Но, за време на владеењето на Пачакути кој дошол на власт во 1438 година, Инките го прошилиле царството во Јужна Америка долж Андите, попатно ги потчиниле месните народи и создале огромно царство за помалку од еден век. Царството на Инките својата максимална географска експанзија ја достигнало околу 1530 година, по што нагло почнало да пропаѓа, и пропаста кулминирала со падот на Куско во 1533 година, и со егзекуцијата на императорот Атахуалпа[9] од страна на Шпанците.

Жртвувањето на деца, наречена капакоча или капак хуча, била важен дел од религијата на Инките и се користела при одбележување на важни настани, како што е смртта на Сапа Инка.  Човечката жртва се користела и како жртва на боговите во време на глад и како начин да се побара заштита. Жртвувањето морало директно да биде одобрено од царот на Инките.[10] Децата биле избрани од целото царство на Инките првенствено врз основа на нивното „физичко совршенство“. Децата избрани за жртвување главно биле „синови и ќерки на благородници и локални владетели“.[10] Потоа биле носени стотици или илјадници километри во Куско, каде што биле предмет на ритуали за прочистување. Оттаму децата биле испраќани на високи планински врвови низ целото царство за да бидат жртвувани. Според традиционалното верување на Инките, децата што се жртвуваат всушност не умираат, туку ја чуваат земјата од планинските врвови, заедно со нивните предци.[11] Инките сметале дека е голема чест да се умре како жртва. [12]

И други добро сочувани мумии, како што е мумијата Хуанита, исто така се пронајдени на планинските врвови на Андите.[13]

Почивалиште[уреди | уреди извор]

Поглед кон Љуљајљако

Љуљајљако е стратовулкан висок 6.739 метри. Се наоѓа на Андите на границата меѓу Чиле и Аргентина. Гробното место пред да биде откриено било покриено со пет метри земја.[14] Местото каде што се пронајдени мумиите е опишано како „највисокото археолошко наоѓалиште на светот“.

Љуљајљако се наоѓа во пустината Атакама, најсувата неполарна пустина на Земјата.[15] Поради екстремно сувиот воздух мумиите се одлично сочувани во текот на 500 години.[16]

Откривање[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитет на врвот Љуљајљако

Во 1999 година, Јохан Рајнхард и неговиот тим истражувачи тргнале на Андите да бараат локалитети на ритуални жртвувања на Инките. На третиот ден од нивната потрага, тимот на Рајнхард го открил гробот со три мумифицирани деца: две девојчиња и едно момче. Пронајдени се и неколку златни и сребрени статуи, текстил и керамика. Телото на помладата девојка било погодено од гром по нејзината смрт, кој предизвикувал изгореници по телото.[17]

Мумии[уреди | уреди извор]

Изложената Ла Дончела.
Ел Нињо

На гробното место во Љуљајљако биле пронајдени 3 мумии: Ла Дончела (la doncella (момата)), la niña del rayo (девојката молња) и el niño (момчето). Откако стигнале на врвот на планината ги оставиле да заспијат, а потоа биле ставени во мала гробница (1,5 м) под земја, каде што биле оставени да умрат. [5] [18]

Мумиите биле во исклучително добра состојба кога биле пронајдени. Рајнхард рекол дека мумиите „изгледа дека се најдобро зачуваните мумии на Инките дотогаш пронајдени“. Внатрешните органи биле во целост сочувани, а едно од срцата сè уште содржело замрзната крв. Бидејќи мумиите замрзнале пред да настапи дехидрација, органите не се исушиле и не се збрчкале, што е карактеристично за изложени човечки останки.[19]

Ла дончела[уреди | уреди извор]

Најстарата мумија, девојче за кое се верува дека имало околу петнаесет години, била наречена Ла Дончела (la doncella). Таа станала позната како „Девицата од Љуљаjљако“. При прегледот е откриена бактериска инфекција во нејзините бели дробови. Носела фустан и наметка украсена со пердуви, а косата ѝ била во плетенки. Умрела во сон, судбина која ја споделува со другите деца. [20] [21]

Се верува дека Ла Дончела била акла, или Сончева Девица - таа била девица, избрана и осветена на околу десет години, за да живее со други девојки и жени кои требало да станат кралски сопруги, свештенички и жртви. Практикувањето на ритуалното жртвување во општеството на Инките имало за цел да им обезбеди здравје, богата жетва и поволни временски услови.[22]

Девојката Молња (La niña del rayo)[уреди | уреди извор]

Девојката Молња имала околу шест години кога била жртвувана.[23] Лицето, едното уво и дел од рамото ѝ биле оштетени од удар на гром по нејзината смрт.[24] Главата ѝ била високо подигната високо и свртена кон југозапад. Била облечена во традиционален светло-кафеав аксу фустан, а главата и дел од телото ѝ била завиткана во дебело волнено ќебе. Исто така, целото нејзино тело било завиткано во друго ќебе со црвен и жолт вез. Најверојатно нејзиниот череп бил намерно издолжен.[25]

Се чини дека Девојката Молња била подобро третирана од Ел Нињо, но ја немала грижата со која била третирана Ла Дончела.[26]

Ел Нињо[уреди | уреди извор]

Телото на Ел Нињо, кој имал околу седум години кога бил жртвуван, било цврсто завиткано, бидејќи некои од неговите ребра и карлицата биле изместени. Тој очигледно починал под стрес, бидејќи на неговата облека биле пронајдени траги од повраќање и крв. Исто така, се чинеше дека има наезда од гниди во неговата коса. [27] Тој беше единственото дете што беше врзано. Лежејќи во фетална положба, носел сива туника, сребрена нараквица и кожени чевли и бил завиткан во црвено и кафено ќебе. [28] Черепот на Ел Нињо бил малку издолжен, слично на черепот на Девојката Молња.[29] Поради начинот на кој бил врзан, се верува дека можеби починал од задушување. 

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Las tres momias denominadas "Los Niños del Llullaillaco" (шпански). Comisión Nacional de Monumentos, de Lugares y de Bienes Históricos. 2 December 2013. Архивирано од изворникот на 3 December 2013. Посетено на 28 August 2017.
  2. „Inca Child Sacrifice Victims Were Drugged“. 29 July 2013. Посетено на 31 August 2017.
  3. „Final Moments of Incan Child Mummies' Lives Revealed“. Live Science. 29 July 2013. Посетено на 31 August 2017.
  4. Sawyer, Kathy (7 April 1999). „Mummies of Inca Children Unearthed“. Washington Post. Архивирано од изворникот на 3 August 2017. Посетено на 21 July 2012.
  5. 5,0 5,1 Alface, Isabel (29 July 2013). „Secret Last Moments of 500-Year-Old Inca Mummified Children Revealed“. Nature World News. Архивирано од изворникот на 8 August 2017. Посетено на 16 March 2016.
  6. Morelle, Rebecca (30 July 2013). „Inca mummies: Child sacrifice victims fed drugs and alcohol“. BBC News. Архивирано од изворникот на 9 June 2017. Посетено на 16 March 2016.
  7. Schwartz, Glenn M.; Nichols, John J. (2010). After Collapse: The Regeneration of Complex Societies. University of Arizona Press. ISBN 978-0-8165-2936-0.
  8. Moseley, Michael E. (2001), The Incas and their Ancestors, London: Thames and Hudson, p. 7.
  9. „Inca Civilization Timeline“. World History Encyclopedia.
  10. 10,0 10,1 Ceruti, Maria (5 April 2015). „Frozen Mummies from Andean Mountaintop Shrines: Bioarchaeology and Ethnohistory of Inca Human Sacrifice“. BioMed Research International. 2015: 439428. doi:10.1155/2015/439428. PMC 4543117. PMID 26345378.
  11. Grady, Denise (11 September 2011). „In Argentina, a Museum Unveils a Long-Frozen Maiden“. New York Times. New York. Посетено на 13 September 2017.
  12. Michael A. Malpass (2009). Daily Life in the Inca Empire, 2nd Edition. ABC-CLIO. стр. 98. ISBN 978-0-313-35549-3.
  13. Sawyer, Kathy (7 April 1999). „Mummies of Inca Children Unearthed“. Washington Post. Архивирано од изворникот на 3 August 2017. Посетено на 21 July 2012.Sawyer, Kathy (7 April 1999). "Mummies of Inca Children Unearthed". Washington Post. Archived from the original on 3 August 2017. Retrieved 21 July 2012.
  14. Sawyer, Kathy (7 April 1999). „Mummies of Inca Children Unearthed“. Washington Post. Архивирано од изворникот на 3 August 2017. Посетено на 21 July 2012.Sawyer, Kathy (7 April 1999). "Mummies of Inca Children Unearthed". Washington Post. Archived from the original on 3 August 2017. Retrieved 21 July 2012.
  15. Празен навод (help)
  16. Brumble, Melody (15 August 2013). „Researcher helps unwrap mystery of 3 Incan children“. USA Today. Посетено на 9 August 2017.
  17. Sawyer, Kathy (7 April 1999). „Mummies of Inca Children Unearthed“. Washington Post. Архивирано од изворникот на 3 August 2017. Посетено на 21 July 2012.Sawyer, Kathy (7 April 1999). "Mummies of Inca Children Unearthed". Washington Post. Archived from the original on 3 August 2017. Retrieved 21 July 2012.
  18. Handwerk, Brian (July 29, 2013). „Inca Child Sacrifice Victims Were Drugged“. National Geographic. Посетено на August 8, 2017.
  19. Sawyer, Kathy (7 April 1999). „Mummies of Inca Children Unearthed“. Washington Post. Архивирано од изворникот на 3 August 2017. Посетено на 21 July 2012.Sawyer, Kathy (7 April 1999). "Mummies of Inca Children Unearthed". Washington Post. Archived from the original on 3 August 2017. Retrieved 21 July 2012.
  20. Milner Halls, Kelly (2007). Mysteries of the Mummy Kids. Darby Creek Pub. стр. 72. ISBN 978-1581960594.
  21. Wade, Lizzie (29 July 2013). 'Llullaillaco Maiden' May Have Been Drugged Before Sacrificed“. Science Magazine.
  22. Costin, Cathy Lynne (1998), "Housewives, Chosen Women, Skilled Men: Cloth Production and Social Identity in the Late Prehistoric Andes," Archeological Papers of the American Anthropological Association, vol. 8, No. 1, p. 134.
  23. Milner Halls, Kelly (2007). Mysteries of the Mummy Kids. Darby Creek Pub. стр. 72. ISBN 978-1581960594.Milner Halls, Kelly (2007). Mysteries of the Mummy Kids. Darby Creek Pub. pp. 72. ISBN 978-1581960594.
  24. Sawyer, Kathy (7 April 1999). „Mummies of Inca Children Unearthed“. Washington Post. Архивирано од изворникот на 3 August 2017. Посетено на 21 July 2012.Sawyer, Kathy (7 April 1999). "Mummies of Inca Children Unearthed". Washington Post. Archived from the original on 3 August 2017. Retrieved 21 July 2012.
  25. „Los Niños de Llullaillaco“ (шпански). Secretaría de Cultura de Salta Argentina. Архивирано од изворникот на 6 July 2011. Посетено на 9 August 2017.
  26. Castro, Joseph (29 July 2013). „Final Moments of Incan Child Mummies' Lives Revealed“. Live Science. Посетено на 9 August 2017.
  27. „Child mummies yield 'grim' evidence“. Metro. London. 2 October 2007. Посетено на 13 September 2017.
  28. Treviño, Marisa (20 March 2012). „Child Mummy Exhibition Generates Controversy in Argentina“. Latina Lista. Посетено на 8 August 2017.
  29. „Los Niños de Llullaillaco“ (шпански). Secretaría de Cultura de Salta Argentina. Архивирано од изворникот на 6 July 2011. Посетено на 9 August 2017."Los Niños de Llullaillaco" (in Spanish). Secretaría de Cultura de Salta Argentina. Archived from the original on 6 July 2011. Retrieved 9 August 2017.{{cite web}}: CS1 maint: bot: original URL status unknown (link)

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Рајнхард, Јохан: Ледената девојка: Мумии на Инките, планински богови и свети места на Андите . Национално географско друштво, Вашингтон, 2005 година.
  • Рајнхард, Јохан и Черути, Марија Констанца: „Ритуалите на Инките и светите планини: студија за највисоките археолошки локалитети во светот“ Лос Анџелес: UCLA, 2010 година.
  • Рајнхард, Јохан и Черути, Марија Констанца: Investigaciones arqueológicas en el Volcán Llullaillaco: Complejo ceremonial incaico de alta montaña . Салта: EUCASA, 2000 година.
  • Рајнхард, Јохан и Черути, Марија Констанца: „Свети планини, церемонијални места и човечки жртви меѓу Инките“. Археоастрономија 19: 1–43, 2006 година.
  • Ceruti, Марија Констанца: Llullaillaco: Sacrificios y Ofrendas en un Santuario Inca de Alta Montaña . Салта: EUCASA, 2003 година.
  • Рајнхард, Јохан: „Llullaillaco: Истражување на највисокото археолошко наоѓалиште во светот“. Латиноамерикански индиски книжевности весник 9(1): 31–54, 1993 година.
  • Беорчија, Антонио: „El cementerio indígena del volcán Llullaillaco“. Revista del Centro de Investigaciones Arqueológicas de Alta Montaña 2: 36–42, 1975, Сан Хуан.
  • Превилјано, Карлос, Констанца Черути, Јохан Рајнхард, Факундо Ариас и Хозефина Гонзалес: „Радиолошка евалуација на мумиите на Лулаилако“. Американски весник за рентгенологија 181: 1473-1479, 2003 година.
  • Целосен опис, историја, име на место и правци на Llullaillaco во Andeshandbook
  • Музеј на високопланинска археологија (на шпански)