Децата на месечевата светлина (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Децата на месечевата светлина“ е германски филм од 2006 година во режија на Мануела Штаке. Улогите ги играат Леоние Крал, Лукас Калмус, Ренате Креснер.

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

13-годишната Лиза дома се грижи за својот двојно помлад брат Паул кој страда од неизлечиво кожно заболување т.н. „Болест на месечевата светлина“ и не смее да излегува на сонце. Таа му измислува еден прекрасен универзум од приказни во кој тој самиот е капетан на вселенски брод кој залутал од некоја друга звезда на земјата. За време на денот, тој заедно со Лиза доживува фантастични авантури сè додека заоѓањето на сонцето повторно не му овозможи да фукционира нормално. Во оној момент кога Лиза се заљубува во Симон, Паул реагира љубоморно, а Лиза е растргната помеѓу возбудливте часови кои ги поминува заедно со Симон и Паул, кој копнежливо и се понестрпливо ја чека. Постои само една шанса: Симон мора да стане дел од универзумот на Паул.