Децата на капетанот Грант
1868 год. | |
| Автор | Жил Верн |
|---|---|
| Изворен наслов | Les Enfants du capitaine Grant |
| Јазик | франуски |
| Жанр | авантуристички роман |
| Издавач | Пјер Жил-Ецел |
Издадена | 1867–1868 |
| Медиум | печатена книга (твр. и мек. подв.) |
| Страници | зависно од изданието |
| Претходна | „Од Земјата до Месечината“ (1865 год.) |
| Следна | 20000 милји под морето (1870 год.) |
Децата на капетанот Грант (француски: Les Enfants du capitaine Grant) е авантуристички роман од францускиот писател Жил Верн, објавен во 1867-68 година. Првичното издаие, е објавено од страна на Хетзел, содржи илустрации од Едуар Риу. Во 1 Од 20 декември 1865 година до 5 декември 1867 година излегувал во продолженија во списанието на Жил Ецел, а како роман објавен е во три тома („Јужна Америка“, „Австралија“ и „Тихи Океан“) во период од 1867 до 1868 година.
Содржина на романот
[уреди | уреди извор]Книгата ја раскажува приказната за потрагата по капитaн Грант, капетан на бродот „Британија“. По пронаоѓањето на шише што капетанот го фрлил во океанот по бродоломот на „Британија“, лорд и леди Гленарван, на молба на децата на капетанот Грант, Мери и Роберт, одлучуваат сами да ја започнат потрагата. Главната тешкотија е што координатите на местото на бродоломот се во голем дел избришани, а позната е само географската широчина (37 степени); така што експедицијата треба да го заобиколи 37-миот напоредник на јужната полутопка. Шишето било извлечено од стомакот на ајкула, па не е можно да се трага по неговото потекло преку морските струи. Останатите траги се неколку зборови на три јазици. Тие се повторно преведени повеќепати низ целиот роман, така што различни дестинации како Чиле, Аргентина, Јужниот врв на Австралија, понекогаш Нов Зеланд, а дури и најсеверниот дел на Антарктикот (до кој никогаш не пловеле) изгледаат можни.
Лорд Гленарван ја започнува својата потрага за да го најде Грант; заедно со својата жена, децата на Грант и екипажот на неговата јахта, „Дункан“, заминуваат за Јужна Америка. Непланиран патник е францускиот географ Жак Паганел (кој ја пропуштил својата паробродска врска за Индија откако случајно се качил на „Дункан“) се приклучува на потрагата. Тие истражуваат Патагонија, островот Тристан да Кунја, островот Амстердам и Австралија (тоа е и воедно прилика за да се опишат флората, фауната и географијата на бројни места за публиката).
Со помош на својот пријател, мајорот Мак Наб и случајниот сопатник Жак Паганел, Гленарван, според првичното толкување на документот, тргнува кон Патагонија. Експедицијата поминува низ Кордилиерите и пампасите в долж 37. напоредник, но не наоѓа никакви траги од капетанот Грант.
По безуспешното трагање, Жак Паганел пронаоѓа нова веројатност на толкување на документот, по која капетан Грант е во Аустралија. „Дункан“ стигнува во Аустралија, каде набргу го пронаоѓаат морнарот Ертон, подофицир од „Британија“. Тој прифаќа да ги води со коњи и запрега до источниот брег, наводното место на бродоломот, додека на „Дункан“ е поправан мл дефект во Мелбурн. Меѓутоа, Ертон во Аустралија станал предводник на разбојничка банда и ја остава целата експедиција заглавена во мочуриште, додека тој со својите разбојници се движи кон Мелбурн.
Лорд Гленарван и друштвото успеваат да се извлечат и префрлат со брод во Нови Зеланд, каде стануваат заробеници на човекојадци. На чудесен начин се извлекуваат извлаче од оваа неприлика и се враќаат на „Дункан“ кој под влијание на среќн околноти не го завзеле разбојниците, а Ертон сега е нивен заробеник.
Барајќи пуст остров на кој би можеле да го остават Ертон као казна за разбојништвото, доаѓаат до островот Табор, единствено преостанато копно на 37. напоредник и таму го пронаоѓаат капетана Грант. Ертон останува на островот Табор и се појавува во продолжението, co романoт Таинствениот остров.
Главни ликови
[уреди | уреди извор]- лорд Едвард Гленарван
- леди Хелена
- мајор Мак Наб
- Жак Паганел, француски географ
- Мери Грант, ќерка на капетанот Гранта
- Роберт Грант, син на капетанот Гранта
- Џон Манглес, капетан на бродот „Дункан“
- Ертон, подофицир од бродот „Британија“
- Талкав, водич кроз пампасите
Изданија
[уреди | уреди извор]Романот е издаден на македонски јазик.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Децата на капетанот Грант“ на Ризницата ? |
|