Детска градинка „Сонце“ - Брвеница
Изглед
| Детска градинка „Сонце“ | |
|---|---|
Поглед на градинката (2024 г.) | |
![]() | |
| Останати називи | ЈОУДГ „Сонце - Диели“ - Брвеница |
| Општи податоци | |
| Статус | активна |
| Вид | детска градинка |
| Место | Брвеница, Македонија |
| Координати | 41°57′59.2″N 20°58′58.6″E / 41.966444°N 20.982944°E |
| Отворена | декември 2020 г. |
| Трошок за изградба | 22 милиони денари |
| Сопственик | |
| Поседник | Општина Брвеница |
| Технички податоци | |
| Катови | 1 |
Детска градинка „Сонце“ - Брвеница (официјално: ЈОУДГ „Сонце - Диели“ - Брвеница) ― детска градинка што се наоѓа во тетовското село Брвеница, Македонија.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Градинката се наоѓа во рамки на училишниот двор на основното училиште „Коста Рацин“ во Брвеница, сместена помеѓу главниот училиштен објект и спортската сала.
Историја
[уреди | уреди извор]Детската градинка била отворена во декември 2020 година од страна на министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. Градинката била прва детска градинка во Општина Брвеница и во нејзе можеле да се сместат 65 деца.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на градинката
- Лулашки во дворот на градинката
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Шахпаска: Општина Брвеница ја доби првата детска градинка која ќе згрижи 65 деца, инвестиција на МТСП во вредност од 22 милиони денари“. cms.mtsp.gov.mk. Архивирано од изворникот на 2025-12-23. Посетено на 2025-12-18.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „Сонце“ на општинската страница Архивирано на 17 јануари 2026 г.
