Детмолд (административен округ)
Детмолд | |
---|---|
Административен округ | |
![]() Карта на North Rhine-Westphalia со округот Детмолд | |
Земја | Германија |
Сој. покраина | Северна Рајна-Вестфалија |
Админ. центар | Детмолд |
Површина | |
• Вкупна | 6.518,14 км2 (251,667 ми2) |
Население (31 декември 2020)[1] | |
• Вкупно | 2.054.178 |
• Густина | 3,2/км2 (8,2/ми2) |
Мреж. место | www.brdt.nrw.de |
Детмолд (германски: Detmold) — еден од петте административни окрузи во Северна Рајна-Вестфалија, Германија, кој се наоѓа во североисточниот дел на покраината. Тој е поврзан со административната непостоечката територија Источна Вестфалија-Липе (Ostwestfalen-Lippe).
Округот е создаден во 1947, кога поранешната покраина Липе бил припоена кон Северна Рајна-Вестфалија со спојување на поранешниот округ Минден со територијата на Липе. Минден како управна единица потекнува од 1815, кога со воспоставувањето на ваквите окрузи.
Местоположба[уреди | уреди извор]
Округот Детмолд се наоѓа на североистокот на Северна Рајна-Вестфалија и затоа претставува област каде германските ниски планини се поделени од Северногерманската Низина. Како округ зафаќа површина од околу 6.500 км², тоа е една петтина од површината на Северна Рајна-Вестфалија. На север и исток од округот е германската покраина Долна Саксонија, на југ е покраината Хесен. На западната граница се наоѓаат административните окрузи Арнсберг и Минстер.
Управа[уреди | уреди извор]
Управата се наоѓа во Детмолд во округот Липе. Од 21 јули 2005 Мариан Томан-Штал (ФДП) — водачот на администрацијата (Regierungspräsidentin).
Административна поделба[уреди | уреди извор]
Округот е составен од сочинуваат шест окрузи со 69 општини и еден слободен град.
Окрузи Kreise |
Слободни градови Kreisfreie Städte |
---|---|
Историја[уреди | уреди извор]
Детмолд има два историски корена:
- источниот вестфалски дел (скоро 80% од површината) припаѓа на поранешната пруска провинција Вестфалија и таму е формирана единицата округ Минден. Во 1946 пруската провинција ја формирала новата покраина Северна Рајна-Вестфалија, заедно со северната Рајнска област.
- округот околу кого се наоѓа денешниот округ Липе бил наречен Ланд Липе до 1947 и бил одделена германска држава, исто како Прусија. До 1918 тој бил кнежевство (Fürstentum), потоа слободна држава (Freistaat) и поради тоа има различно историско минато отколку Источна Вестфалија.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Службена страна (германски)
Координати: 52°0′N 8°45′E / 52.000° СГШ; 8.750° ИГД
|
- ↑ „Населеност на местата“. Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија. 21 јуни 2021. (германски)