Детеубиство

Детеубиство (инфантицид) — намерно одземање на животот на дете. Детеубиството вклучува убиство на дете од страна на мајката веднаш по раѓањето (неонатицид). Повеќето човечки општества од камено време рутински практикувале детеубиство, а проценките за убиените деца се движат од 15 до 50 проценти во епохата на средното камено време и младото камено време.
Детеубиството продолжило да биде вообичаена практика и во историската епоха во повеќето општества, вклучувајќи ја Стара Грција, Стар Рим, Феникијците, Стара Кина, Стара Јапонија, Арабија пред исламот, раната модерна Европа, Абориџинска Австралија, Индијанците и староседелците на Алјаска.
Во денешно време
[уреди | уреди извор]Детеубиството останува вообичаена практика кај некои домородни племиња во Амазонија, Австралија и Африка.
Детеубиствата се голем проблем во Русија: во 2022 г., 80 деца биле убиени од нивните родители. Меѓу убиените деца, значаен дел се новороденчиња.[1] Според М. А. Золотов, начините за усмртување на новороденчиња по застапеност се следниве:
- Давење (со раце, со јамка, покривање на устата и носот, притискање на градниот кош) — 32 %
- Потопување во вода — 24 %
- Запоставување (оставање на студ, без храна, со неврзана папочна врвца, неизвлечена слуз од устата) — 25,8 %
- Нанесување повреди (со тврд, тап предмет — 5 %; со остар предмет — 3,5 %)
- Труење — 2 %
- Други начини (изложување на висока температура, создавање услови за повреди од животни, инсекти, распарчување и др.) — 7,7 %
Забележан е пораст на бројот на детеубиства во Пакистан, што се поврзува со сиромаштијата во која живее значителен дел од населението.
Селективно детеубиство
[уреди | уреди извор]Во некои земји се забележува практика на селективно детеубиство врз основа на полот. Во селските области на Индија, распространето е убиството на девојчиња.[2] Во некои области на Кина, бројот на родени момчиња е значително поголем од бројот на девојчиња. Најчесто, женските фетуси се пометнуваат (селективен абортус), но се среќаваат и случаи на убиство на новородени девојчиња. Понекогаш ова се поврзува со политиката на едно дете и други културни особености, каде што родителите претпочитаат нивното единствено дете да биде машко, а не женско. Оваа појава го добила името „исчезнатите жени на Азија“.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ В.б, Безгин (2013). „Инфантицид и криминальный аборт в сельской России: прошлое и современность“. Юридические исследования (руски) (4): 196–229. doi:10.7256/2305-9699.2013.4.653. ISSN 2409-7136.
- ↑ Murphy, Paul (21 мај 1995). «Killing baby girls routine in India». San Francisco Examiner. стр. C12.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Детеубиство“ на Ризницата ? |