Прејди на содржината

Десантот на Дрвар (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Десантот на Дрвар“ (српскохрватски: Десант на Дрвар) - југословенски филм од 1963 година, во режија на Фадил Хаџиќ, кој е автор и на сценариото, заедно со Бора Ќосиќ. Главните улоги ги играат: Љубиша Самарџиќ, Павле Вуисиќ, Макс Фуријан, Мата Милошевиќ и Марија Лојк.

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Во филмот се прикажува падобранскиот десант на германската војска н,а малото место Дрвар во Босна каде се наоѓал водачот на партизанските единици, Јосип Броз - Тито. На почетокот од 1944 година, Хитлер му наредува на генералот Лотар Рендулиќ да го убие Тито и така да го уништи партизанското движење. За таа цел, германската војска изведува ненадеен падобрански десант, но нивната акција не успева благодарение на храбрата одбрана на партизаните во завршната битка кај пештерата која германската војска се обидува да ја освои по секоја цена.[1]