Ден (стадион)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ден
The New Den - geograph.org.uk - 1143517.jpg
Поранешни имиња Новиот Ден
Место Бермондси, Лондон
Англија
Координати 51°29′9.43″N 0°3′3.42″W / 51.4859528° N; 0.0509500° W / 51.4859528; -0.0509500Координати: 51°29′9.43″N 0°3′3.42″W / 51.4859528° N; 0.0509500° W / 51.4859528; -0.0509500
Изграден 1993
Отворен 4 август 1993
Сопственик
Подлога трева
Цена на изградбата £16 милиони
Игра Милвол Милвол
Гледачи 20,146

Ден (англиски: поранешен The Den) или Новиот Ден (англиски: поранешен The New Den) како што претходно бил познат — фудбалски стадион во Бермондси, југоисточен Лондон, Англија. Стадионот претставува дом на фудбалскиот клуб Милвол, кој на него ги игра својте домашни натпревари.[1] Стадионот се наоѓа во непосредна близина на железничката пруга во Јужен Лондон, и престставува наследник на стариот Ден, претходниот стадион на кој домаќин бил Милвол, кој го заменил во 1993 година.

Стадионот има вкупен капацитет од 20.146, иако тоа е ограничено на приближно 18.100 за да се овозможи раздвојување на навивачите и мерки за безбедност на толпата.[2] Најголемата посетеност на стадионот регистрирана за време на сезоната 2018-2019 била 17.195 гледачи.

Новиот Ден е шесттиот стадион што Милвол го окупирал од нивното основање во Милвол во областа позната како Островот на кучињата во 1885 година. Претходните терени биле Гленгал Роуд (1885-1886), Лор Нелсон Грунд (1886–1890), Атлетик Граунд (1890–1901), Норт Гринич (1901–1910) и стариот Ден (1910–1993).

Трибини[уреди | уреди извор]

На 20 јануари 2011 година источната трибина на Ден била преименувана во „Докерс стенд“, оддавајќи почит на раната историја на Милвол и поддржувачите на пристаништата на Темза.[3] Јужната трибина е позната под името Колд Блоу Лејн, што било името на патот кој водел до стариот Ден. Северната трибина е резервирана за гостинските приврзаници, а западната трибина била преименувана во Бари Киченер стенд, наречена по играчот со најдолг стаж во дресот на Милвол.

Панорамски поглед на Ден од трибната Докерс стенд. Спротивно од оваа трибина се наоѓа трибината Бари Киченер стенд, лево е трибината Колд Блоу Лејн, а десно се наоѓа трибината Норт стенд.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Views of The Den“. millwallfc.co.uk. 13 September 2010. Архивирано од изворникот на 15 May 2010. Посетено на 13 September 2010.
  2. „Clubs like Brighton & Millwall take steps to halt declining attendances“. BBC Sport. 2013-01-24. Посетено на 2020-01-27.
  3. The Dockers stand Archived 24 јануари 2011 на Wayback Machine

Надворешни врски[уреди | уреди извор]