Прејди на содржината

Ден на мртвите (филм од 2008)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ден на мртвите
Плакатот на филмот
РежисерСтив Мајнер
ПродуцентЏејмс Глен Даделсон
Роберт Френклин Даделсон
Рандал Емет
Џорџ Фурла
СценаристЏефри Редик
Заснован нафилмот Ден на мртвите (1985) од Џорџ Ромеро
Главни улоги
МузикаТајлер Бејтс
КинематографијаПатрик Кеди
МонтажаНејтан Истерлинг
Студио
ДистрибутерFirst Look Studios
Премиера8 април 2008 г.
Времетраење86 минути
Земја САД
Јазик
Буџет18 милиони долари[1]
Бруто-заработка301.771 долари[2]
ПретходенЗора на живите мртовци

Ден на мртвите (англиски: Day of the Dead) — американски филм на ужасите од 2008 г.

Тој е преработка на класичниот филм од 1985 г., каде дејството се одвива некое време по настаните од „Ноќ на живите мртовци“ и „Зора на живите мртовци“, кои го опфатиле целиот свет. Јунаците на филмот се мала група научници и воени лица што се кријат од мртвите во подземен бункер.

Филмот е снимен претежно во Бугарија, но некои сцени се снимени во Лос Анџелес, Калифорнија.[3]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се врти околу главната јунакиња, Сара Боумен, која се обидува да преживее во градот населен со мртовци (зомбија) и да го спаси своето семејство и своите најблиски од кобната грешка на докторот Логан.

Во тајна лабораторија, професорот Логан создал нов вид мутација што ги враќа мртовците во живот, со цел да станат биолошко оружје. Докторот Логан ја смета својата идеја за генијална, но вирусот продира во мал град, каде ја заразува својата прва жртва. Полицијата прогласува карантин во градот, сметајќи дека новата болест е само атипичен вирус на пневмонија. Набргу потоа, генот создаден од Логан се шири низ градот; болниците се преполни, и многу луѓе умираат, по што стануваат зомбија. Зомбијата покажуваат агресија кон живите и ги убиваат. На улиците на градот почнува да владее неред, преживеаните се кријат во своите домови, но ни тоа веќе не е безбедно.

Глумец Улога
Мина Суварикаплар Сара Крос-Боумен
Ник Канонредов Салазар
Мајкл ВелчТревор Крос-Боумен
Аналин МакордНина
Старк Сендсредов Бад Крејн
Мет Рипид-р Логан
Ијан Макнисдиџеј Пол
Криста Кембелгоспоѓа Лејтнер
Винг Рејмскапетан Кенет Роудс
Хју СкинерКајл
Лора Јошгоспоѓа Нобл
Кејлум Рори Лотонмомче на улицата
  1. Box Office Information for Day of the Dead. The Numbers. Retrieved 8 декември 2012.
  2. „Day of the Dead (2008)“. Box Office Mojo. Посетено на 21 октомври 2015.
  3. Schwinke, Theodore (7 септември 2006). „Nu Image wraps Bulgarian shoot for Day Of The Dead“. Screen Daily. Посетено на 17 април 2016.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]