Ден на галициската книжевност

Од Википедија — слободната енциклопедија

Денот на галициската книжевност (галициски: Día das Letras Galegas) е јавен празник кој се слави во Галиција, Шпанија.[1] На овој ден, кој беше воспоставен од страна на Кралската галициска академија (галициски: Real Academia Galega) во 1963 година, се чествува галицискиот јазик и неговата книжевност. Прославата секоја година се одржува на 17. мај. Во 1991 година, Денот на галициската книжевност е прогласен за јавен празник во цела Галиција.

Првата прослава во 1963 година ја одбележа стогодишнината од објавувањето на „Галициски песни“ (галициски: Cantares gallegos) од Розалија де Кастро (1837 - 1885), првото дело на галициски јазик. Де Кастро е еден од најважните поети во Галиција. „Галициски песни“ е објавена на 17. мај 1863 година.

Денот на галициската книжевност секоја година е посветен на различен писател кој творел на галициски јазик. Посветувањето е само на автори кои починале пред повеќе од 10 години пред годината кога се чествуваат, а изборот го прави Кралската галициска академија. Единствено во еден случај, Денот на галициската книжевност беше посветен на заедничко чествување на повеќемина автори -- во 1998 година заедно беа прославени делата на Мартин Кодаш, Жуан де Кангас и Мендињо. Овие поети беа избрани како претставници на средновековната литература (кантиги).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Letras Gal-Historia - Real Academia Galega“. academia.gal (галициски). Архивирано од изворникот на 2019-09-12. Посетено на 2020-05-17.