Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
За други значења видете на појаснителната страница за Денот на словенската писменост
Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост
Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост
Офиц. називДен на бугарската просвета и култура и на словенската писменост
Го празнува(ат) Бугарија
Виднационален
Датум24 мај
Прославаконцерти, културни настани, доделување награди
ПоврзаноКирил и Методиј

Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост (бугарски: Ден на българската просвета и култура и на славянската писменост) — државен празник на Бугарија кој се прославува на 24 мај. На овој ден Бугарите ја прославуват бугарската култура и создавањето на словенската азбука (глаголицата) од страна на солунските браќа Кирил и Методиј, кои, според нив, биле Бугари. Овој празник во Република Македонија се слави како „Ден на сесловенските просветители

Првите познати сведочи за прославата на празникот се пронајдени во ерменската летописи од 1813 г, каде што се споменува за прослава на светите браќа на 22 мај 1803 г. во Шумен.

За прв пат на 11 мај 1851 г. во епархиското училиште „Св. св. Кирил и Методиј“ во Пловдив по иницијатива на Најден Геров се организира празник на светите браќа Кирил и Методиј – создатели на словенската писменост. Во 1857 година празникот редовно се прославува во Пловдив, Цариград, Шумен и Лом, а на 11 мај 1860 година и во црквата Св. Богородица во Скопје.

Од 60-те години на XX век секоја година традиционално во Рим се одбележува овој празник со посета на државна и црковна делегација од Бугарија која се поклонува на гробот на сесловенскиот просветител Свети Кирил во црквата Сан Клементе. На ова му предходи официјална посета на Ватикан и папата.

24 мај како празник на словенската писменост и на светите браќа Кирил и Методиј се истакнува денес и во Русија тој се слави за прв пат во 1986 година во Мурманск на иницијатива на рускиот писател Виталиј Маслов. Мурманск е најсеверната точка каде што има споменик на Св Кирил и Методиј.

Поврзано[уреди | уреди извор]