Ден за ден
Ден за ден | |
---|---|
Потекло | Скопје, СР Македонија, СФРЈ (денес Република Македонија) |
Жанрови | Џез рок, инструментален рок, фолк рок |
Период на активност | 1978 – 1980 |
Издавачи | ZKP RTLJ |
Поранешни членови | |
Драгиша Солдатовиќ Владимир Јанкуловски Димитар Чочоровски Синиша Стојановски Аријан Дема |
Ден за ден — поранешна македонска и југословенска рок група од Скопје.
Историја[уреди | уреди извор]
1978 - 1980[уреди | уреди извор]
Групата била формирана во 1978 година.[1] Во првиот состав на групата биле Драгиша Солдатовиќ (клавијатура), Владимир Јанкуловски (бас-гитара), Димитар Чочоровски (тапани) и Синиша Стојановски (гитара).[1] Истата година групата ги направила своите први снимки за РТВ Скопје.[1] Во октомври истата година, на групата се приклучил вториот гитарист, Аријан Дема (поранешен член на групата Пу)[1]
Ви 1978 групата исто така се појавила на фестивалот БУМ.[1] Следната година Ден за ден свиреле на Фестивалот „Омладина“ („Младина“) и на вечерата посветена на рок-музиката на фестивалот во Опатија.[1] Песната која била изведена од Ден за ден, „Циганка“, била објавена во албумот Opatija '79 - Rock grupe (македонски: Опатија '79 - Рок групи) истата година.[2] Во 1980 година, групата го издала својот прв албум во продукција на Иво Умек кој го носел името на групата - Ден за ден.[1]. Подоцна истата година, Ден за ден повторно се појавила на фестивалот во Опатија со песната Jutro i noć („Утро и ноќ“). Песната подоцна се појавила на албумот JRT - Opatija '80 - Rock veče (ЈРТ - Опатија '80 - Рок вечера).[3] Албумот Ден за ден не постигнал особено внимание кај медиумите, а бендот ги запрел своите активности подцна.[1]
По распадот[уреди | уреди извор]
Драгиша Солдатовиќ ја продолжил својата кариера како член на џез триото „Лабиш“, кое го формирал заедно со бас-гитаристот Зоран Павловски и тапанарот Коки Димушевски. Триото го издало својот прв албум, Лабиш Трио, во 1996 година.[1] Во 1998, триото го издало својот втор албум Сон, каде што се сменил составот на триото, односно, Солдатовиќ свирел на пијано, Дарко Мучов на бас-гитара и Гоце Стефковски на тапани.[1]
Дискографија[уреди | уреди извор]
Студиски албумми[уреди | уреди извор]
- Ден за ден (1980)
Други настапи[уреди | уреди извор]
- „Циганка“ (Opatija '79 - Rock grupe, 1979)
- „Утро и ноќ“ (JRT - Opatija '80 - Rock veče, 1980)
- „Ден за ден“ (Jazz Fair / Sajam jazza, 1980)
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 1,9 Janjatović, Petar (2007). Ex YU rock enciklopedija 1960 - 2006. Belgrade: self-released. стр. 61.
- ↑ Opatija '79 - Rock grupe at Discogs
- ↑ JRT - Opatija '80 - Rock veče at Discogs
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Ден за ден на Discogs
- Податоци за изданија евидентирани од ВБУ Музички Регистар