Денис Аого

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Денис Аого
Dennis aogo.jpg
Аого во дресот на Штутгарт во 2017
Лични податоци
Полно име Денис Аого[1]
Висина 1.84 м
Положба одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Штутгарт
Број 3


* Настапи (Голови)

Денис Аого (германски: Dennis Aogo, 14 јануари 1987) година е германски професионален фудбалер кој во моментов игра како лев бек и лево крило или играч од средниот ред за ФК Штутгарт.

Раниот живот[уреди | уреди извор]

Роден од мајка од Германија и татко од Нигерија. Аого израснал во Оберојт, предградие југозападно од Карлсруе, Германија. Во 2000 година, кога неговите родители се разделиле, тој се преселил со својот татко во Брухсал и го напуштил Карлсрухер за да се приклучи на Валдхоф Манхајм. Во 2002 година, на возраст од 15 години, се приклучува на Фрајбург и ја посетува својата младинска академија додека дипломира со магистрирал во Макс Вебер школата во Фрајбург.[2]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Аого одиграл со академијата во Карлсруе и играл на неколку младински нивоа, вклучувајќи ги и У15s У16s. Од 2004 година, тој бил дел од академијата на ФК Фрајбург и го прославил своето деби во Бундеслигата на седумнаесет години и веднаш го зазеде своето место во центарот на средниот ред.

Аого се приклучил во клубот ФК Хамбургер во 2008 година и бил дел од редовната стартна постава, главно како лев бек.[3] На 29 август 2013 година, Аго бил позајмен на Шалке 04 . Потоа се согласи со условите за трансфер во јуни 2014 година за постојан потег од 2.000.000 евра,[4] и Аого потпиша договор со Шалке 04 кој и траел до 30 јуни 2017.[5]

На 9 август 2017 година, Аого се преселил во ВФБ Штутгарт.[6]

Стил на игра[уреди | уреди извор]

Германскиот национален младински фудбалски тренер Хорст Хрубеш изјавил за Аго дека има „многу добра лева нога, умен со или без топка пред нозете, тактички флексибилен на фудбалскиот терен и може да премине и да помине низ добри дијагонални топки за нанапред“.[7]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Денис Аого на аеродромот во Хамбург

Аого претходно бил во врска со во Алесија Валч.[8]

Почести[уреди | уреди извор]

Меѓународен[уреди | уреди извор]

Германија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „FIFA World Cup South Africa 2010: List of Players“ (PDF). FIFA. 12 June 2010. стр. 11. Посетено на 8 дкември 2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Bericht Freiburger Fußballschule“. SC Freiburg. Посетено на 5 April 2011.
  3. „Vereine“ (германски). Dennis Aogo. Посетено на 26 October 2011.
  4. „Vertrag bis 2017: Dennis Aogo bleibt ein Schalker“. schalke04.de (германски). 12 February 2014. Посетено на 26 August 2014.
  5. „Schalke to sign Hamburg defender Aogo on loan“. Reuters UK. Посетено на 28 August 2013.
  6. „VfB sign Dennis Aogo“. vfb.de. VfB Stuttgart. 9 August 2017. Посетено на 9 August 2017.
  7. Ulrich, Ron (2 June 2010). „Der Casting-Gewinner“ [The Audition Winner] (германски). 11 Freunde. Посетено на September 2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  8. „WM-Splitter: Sicherheitsbedenken bleiben – Blatter dementiert“ (германски). freenet.de. 10 June 2010. Посетено на 18 June 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]