Дениз Ајтекин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дениз Ајтекин
Deniz Aytekin referee.jpg
Ајтекин во 2015 година
Роден 21 јули 1978 (1978-07-21) (41 г.)
Нирнберг,  Германија[1]
Домашна
Години Лига Улога
2004– DFB судија
2006– 2. Бундеслига судија
2008– Бундеслига судија
Меѓународна
Години Лига Улога
2011– ФИФА судија

Дениз Ајтекин (турски: Deniz Aytekin; р. 21 јули 1978 во Нирнберг) — германски фудбалски судија со турско потекло кој што живее и работи во Оберасбах, Баварија.[2] Тој е судија на ТСВ Алтенберг од фудбалскиот сојуз на Баварија. Исто така тој е судија под знакот на ФИФА и е рангиран во групата на елитни судии на УЕФА.

Судиска кариера[уреди | уреди извор]

Ајтекин го судел својот прв натпревар во Бундес лигата на 27 септември 2008 година на натпреварот помеѓу Херта Берлин и ФК Енерџи Котбус во Берлин. Енерџи Котбус победи со 1–0, а Ајтакин додели 4 жолти картони, вклучувајќи го и жолтиот картон на голманот Герхард Тремел за задржување на време во 90-тата минута од натпреварот.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Ајтакин живее во Оберасбах, Баварија и е интернет претприемач.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Deniz Aytekin – Ein Top-Schiri im Sommer“. Fussball-Kultur (германски). 1 јули 2009. конс. 18 април 2013. 
  2. Schiedsrichter Deniz Aytekin: Aus der Provinz ins Olympiastadion“, „Der Spiegel“, 10 август 2010 (посет. 27 февруари 2013 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]