Прејди на содржината

Демостен Манев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Демостен Манев
Роден 28 јуни 1890
Охрид, Отоманско Царство
Починал 6 август 1969 (возраст: 79)
Националност Македонец
Занимање адвокат, правник, општественик
Сопружник Лепа
Татко Стефан Манев
Мајка Марија Савинова

Демостен Манев (28 јуни 1890 во Охрид6 август 1969) — македонски адвокат и општественик

Животопис

[уреди | уреди извор]

Манев бил роден на 28 јуни 1890 г. во градот Охрид, тогаш во Отоманското Царство, како дете на Стефан Манев и Марија Манева (род. Савинова). Во 1913 г. завршил право на Софискиот универзитет.[1] За време на Првата светска војна бил офицерски кандидат во Единаесетта пешадиска македонска дивизија за што подоцна добил орден ,,За храброст” од III степен.[2]

Работел како адвокат во Охрид и бил член на Охридската општонародната фондација ,,Св. Климент Охридски” чии што цели биле добротворни.[3] Преку фондацијата заедно со други еминентни имиња од градот учествувале и со парична помош за изградбата на женското училиште ,,Радничка”.[4] Тој бил и сопственик на вилата „Лепа“, која подоцна е национализирана со реформите во Југославија во 1947 година.[5] Манев починал на 6 август 1969 г.

  1. Годишникъ НА СОФИЙСКИЯ УНИВЕРСИТЕТЪ, 1929
  2. ДВИА, ф. 40, оп. 1, а.е. 101, л. 596
  3. Стоянова, Р. „Охридска общоградска фондация „Св. Климент Охридски". Енциклопедия „Дарителството“. Посетено на 6 јануари 2025.
  4. „Управна зграда на НУ Завод и Музеј Охрид Замок“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-08-29. Посетено на 6 јануари 2025.
  5. „Вилата на МПЦ на Плаошник им се враќа на сопствениците“. „Вечер“. 7 април 2008. Архивирано од изворникот на 2017-03-15. Посетено на 6 јануари 2025.