Демократски Фронт на Македонија „Илинден 1903“
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Демократскиот Фронт на Македонија „Илинден 1903“ била конспиративна политичка организација во Народна Република Македонија, основана да дејствува за остварување на илинденскиот идеал за самостојна независна македонска држава[1]. Дејствувала во периодот од 1945 до 1946 година[2]. Пред одржувањето на Париската мировна конфернција, Организацијата подготвила Меморандум (во 1946 година) со кој од владите на големите Сојузнички сили: САД, Велика Британија и Советскиот Сојуз барала на македонскиот народ, сојузник во антифашистичката коалиција, кој дал свој придонес во Антифашистичката војна, да му се признае правото на слобода, обединување и создавање независна македонска држава[3].