Демографија на Косово и Метохија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Демографијата на Косово и Метохија е прикажување на демографската структура на Автономната покраина Косово и Метохија. Србите биле мнозинско население во Косово и Метохија од XIII до XVIII век[1]; пред крајот на деветнаестиот век, како резултат на иселување и протерување на Србите се сменила демографската структура и Албанците станале мнозинското население. Според последниот попис од 1991 година, во Косово и Метохија живееле 194.190 Срби, додека бројот на Албанците, тогаш се проценувал на 1.596.072 жители.

Етнички групи во Косово и Метохија
Година Албанци Срби1 Други
1455[2] 1 % 98 % 1 %
1871 32 % 64 % 4 %
1899 48 % 44 % 8 %
1921 66 % 26 % 8 %
1931 69 % ?? % ? %
1939 60 % 34 % 5 %
1948 68 % 27 % 5 %
1953 65 % 27 % 6 %
1961 67 % 27 % 6 %
1971 74 % 21 % 5 %
1981 77 % 15 % 8 %
1991 82 % 11 % 7 %
20002 88 % 7 % 5 %
20072 92 % 5 % 3 %
1 вклучувајќи ги Црногорците (од 1948 до 1991 г.)
2 приближен податок Извор: Статистичка канцеларија на КиМ,

Светска Банка (2000), OSCE (2005)

Население на Косово и Метохија во средниот век[уреди | уреди извор]

Населението на Косово и Метохија од 14-ти до почетокот на 20-от век[уреди | уреди извор]

14 век[уреди | уреди извор]

Во Дечанската повелба од 1330 година има детален список на домаќинствата кои се попишани во Метохија и во северозападниот дел на Албанија, и кои биле метох на манастирот Високи Дечани:

3 од 89 населби биле албански, а останатите биле неалбански.
од 2166 земјоделски домаќинства и 2666 куќи на сточарските подрачја, 44 биле албански (1,8%), а останатите биле регистрирани како словенски (српски).

Несрпската популација на Косово и Метохија не преминувала 2% до крајот 14 век.

15 век[уреди | уреди извор]

Во 1455 година, постоел турски катастарски попис (дефтер). Оригиналната верзија на турски јазик се чува во архивот во Истанбул, а во 1972 година Институтот за Блискоисточни студии (Ориентален институт) во Сараево направил превод на овој попис под наслов Област на Бранковиќи - опширен катастарски попис од 1455 година.

Регионот Бранковиќ покривал околу 80% од сегашната територија на Косово и Метохија, а биле запишани 480 села, 13.696 возрасни мажи, 12.985 куќи, 14.087 сопственици на домаќинства (480 вдовици и 13.607 возрасни мажи). Ако бројот на „главата на семејството“, се множи со 4,4 или 4,6 членови по семејството се добива бројот на жителите во регионот. Бројот на жители според националноста не е точен, затоа што покрај носител на домаќинство не се впишувала националноста туку социјалниот статус. Се знае само дека бројот на католички Словени бил за едно семејство поголем од бројот на попишаните Хрвати. Според националноста, носителите на домаќинствата биле:[3]

Турски попис во областа Бранковиќ во 1487 година

  • Област Бранковиќ:
  • градот Пеќ - 68% Словени (Срби)
  • 121 христијански домаќинства
  • 33 муслимански домаќинства
  • Суво Грло и Метохија:
  • 131 христијански домаќинства, од кои 52% во Суво Грло биле Словени
  • Селски подрачја:
  • 6.124 христијански домаќинства (99%)
  • 55 муслимански домаќинства (1%)
Верска карта на територијата на денешно Косово и Метохија во 16-17 век.

17-18 век[уреди | уреди извор]

За време на Големата турска војна (1683-1699 г.), која се одвивала меѓу Османлиското Царство и Хабсбуршкото царство, Срби застанале на страната на Хабсбурговците во борба против Турците. Хабсбурговците успеале да дојдат до Скопје, но тука биле поразени од Турците и се повлекле преку Сава и Дунав. Плашејќи се од турска одмазда, дел од српското население се повлекло со Хабсбурговците и тој настан е познат како Првата преселба на Србите. Од Косово и Метохија заминале околу 180.000 Срби, (само од подрачјето на Призрен заминале 20.000) и се населиле на австриските поседи во Војводина и Воена Краина. Метохија, пак, ја населиле исламизирани Албанци од високопланинските подрачја на Малесија. Овој процес се повторил во текот на XVIII век.

Слична ситуација се случила и во 1737 година при Втората преселба на Србите.

19 век[уреди | уреди извор]

Во текот на 19 век започнале несогласувањата околу бројот на жителите на Косово и Метохија. Некои извори им дале предност на Србите, а некои на Албанците. Турската пописна статистика не била релевантна бидејќи се попишувала религиската припадност, а не етиничката, при што биле користени податоци од книгите на родените.

Истражувањата на Австриецот Јозеф Милер од 1838 година спомнувале дека Метохија е сè уште претежно словенска, и дава податоци за три преодни целини (Bezirke): Призрен, Пеќ и Ѓаковица, што било приближно целото подрачје на Метохија. Подрачјата кои се граничеле со Албанија, биле најмногу населувани од Албанци. Од 195.000 жители на Метохија, Милер регистрирал:

  • 114.000 муслимани (58%) од кои
    • 38.000 Срби (19%)
    • 76.000 Албанци (39%)
  • Христијани:
    • 73.572 православни Срби (38%)
    • 5.120 католички Албанци (3%)
  • 2.308 други немуслимани (Јањевци и други).

Резултатите на Милер за градови:

  • Пеќ: Срби - 11.050, Албанци - 500
  • Призрен: Срби - 16.800, Албанци - 6.150
  • Ѓаковица: повеќето биле Албанци, а градот бил опколен со српски села.

Картите кои во 1861 година биле направени од францускиот етнограф Лежан (G. Lejean), покажуваат дека Албанците живееле на околу 57% од денешната територијата на Косово и Метохија, додека слична карта, која во 1867 година била направена од страна на британските патописци Мекензи (G. M. Mackenzie) и Ајрби (A. P. Irby), покажува нешто помала површина. И двете карти не ја покажуваат бројноста на населението, туку само големината на просторот кој го заземале.

Студијата на австрискиот полковникот Петар Кукуљ (Peter Kukulj) од 1871 година, направена за внатрешна употреба за австроунгарската војска, покажува дека Призренскиот Мутесарифлук (кој по површина одговарал на денешно Косово и Метохија) имал околу 500.000 жители, од кои:

Се проценува дека од 200.000 - 400.000 Срби биле протерани од Косовскиот вилает во периодот од 1876-1912 година, а посебно за време на Грчко-турската војна од 1897 година.

Картите кои биле објавени од страна на германските историчари Хајнрих Киперт (Heinrich Kiepert), Ј. Хан (J. Hahn) и австрискиот конзул Сакс (K. Sax), во 1876 година, покажуваат дека Албанците живееле на поголемиот дел од територијата на денешната провинција, но и тие не го покажувале бројот на жителите туку само површината. На овие карти, регионите на Косовска Митровица и Косово Поле биле претежно населени со Срби, додека поголемиот дел од западните и источните делови од сегашните територии биле населени од исламизирани Албанци.

Етничкиот состав во Косовскиот вилает и пљеваљскиот Санџак, според австриската статистика објавена во 1899 година во Виена:

  • Албанци - 182.650 (47,88%)
  • Срби - 166.700 (43,7%)
  • Останати (Власи, Черкези, Турци, Роми и Евреи) (8,42%)

20 век[уреди | уреди извор]

Британскиот новинар Хенри Бреилсфорд (Henry Brailsford) проценил дека две третини од косовско-метохиската популација ја сочинувале Албанци, а останатите биле Срби.

За најнаселените области Ѓаковица и Пеќ било објавено дека имаат помеѓу 20.000 и 25.000 албански домаќинства, во однос на 5000 српски. Картата на Алфред Стед (Alfred Stead) од 1909 година, покажува сличен број на Срби и Албанци кои живееле на Косово и Метохија.

Германскиот научник Густав Вајганд (Gustav Weigand) дал следни статистички податоци за Косово и Метохија, кои биле засновани на предвоената ситуација, пред 1912 година:

  • област Приштина: Албанци - 67%, Срби - 30%
  • област Призрен: Албанци - 63%, Срби - 36%
  • област Вучитрн: Албанци - 90%, Срби - 10%
  • област Урошевац: Албанци - 70%, Срби - 30%
  • област Гнилане: Албанци - 75%, Срби - 23%
  • област Косовска Митровица: Срби - 60%, 40% Албанци

Метохија заедно со градот Ѓаковица, според Вајганд биле дефинирани како исклучиво албански територии.

Структурата на жителите била потполно променета во 20 век. Српската академија на науките и уметностите (САНУ) и нејзиниот истакнат член Васо Чубриловиќ подготвиле документ за иселување на Албанците под наслов Иселување на Арнаутите, што било во согласност со тогашните разменувања на населението кое се случувало на Балканот.

Поради сложената политичка ситуација, просторот на Косово и Метохија бил цел на населување на Албанци или Срби, со цел да тој простор се интегрира во албанско или српско општество и со тоа стане интегрален дел на една од овие држави.

Колонизацијата во текот на 20 век се одвивала во три најважни периоди:

  • Колонизација на Косово и Метохија во Кралството Југославија, подразбирала населување пред сè на Срби и Црногорци од пасивните краеви на Југославија во периодот од 1919 - 1941 година (биле доселени 60.000 - 65.000).
  • Колонизација на Косово и Метохија во текот на Втората светска војна, подразбирала населување на Албанци од Албанија на територија на Косово и Метохија (биле доселени 150.000 - 200.000).
  • Колонизација на Косово и Метохија во СФРЈ, подразбирала населување на албански емигранти од Албанија (од 1948 - 1956 година, биле населени 40.000).

Попис на населението во Кралството СХС и Кралството Југославија[уреди | уреди извор]

Попис на населението во 1921 година[уреди | уреди извор]

Попис на населението во Кралството СХС било спроведено на 31 јануари 1921 година.

Вкупно - 439.010

Јазичен состав:

Попис на населението во 1931 година[уреди | уреди извор]

Вкупно - 552.064

Јазичен состав:

  • арнаутски - 331.549 (60,06%)
  • српски, хрватски, словенечки, македонски - 180.170 (32,64%)
  • унгарски - 426
  • германски - 241
  • останати - 38.907 (7,05%)

Верски состав:

  • муслимани - 379.981 (68,83%)
  • православни - 150.745 (27,31%)
  • римокатолици - 20.568 (3,73%)
  • евангелисти - 114
  • останати - 635

Програмите за колонизација спроведени од југословенската власт во периодот од 1922-1929 година и 1933-1938 година, довеле на Косово и Метохија 10.000 српски семејства од Лика, Далмација, Херцеговина и Црна Гора, главно на север од Косово, околу Косово Поле и долж реката Лаб.

Била потпишана спогодба за емиграција на 200.000 Албанци и Турци во Турција, во 1938 година. Турците се повлекле од спогодбата поради страв дека нема да можат да ги задоволат сите барања за прифаќање и репатријација, така да само 4.000 муслимани го напуштиле Косово.

Властите на Кралството Југославија во 1939 година процениле дека има 125.000 Албанци на Косово, што било многу потценет број.

Втора светска војна[уреди | уреди извор]

Поголем дел од територијата на Косово и Метохија во текот на Втората светска војна била окупирана од италијанската марионетска државна творба Велика Албанија, која убила 10.000 и етнички исчистила 100.000 Срби и истовремено населила околу 100.000 Албанци од Албанија. На сите Срби кои биле населени по 1912 година им било забрането враќање по Втората светска војна, што исто така ја намалило српската популација во покраината.

Пописи на населението на Косово и Метохија од 1948 година[уреди | уреди извор]

Попис на населението во 1948 година[уреди | уреди извор]

Вкупно - 727.820

Етнички состав:

  • Албанци - 498.242 (68,46%)
  • Срби - 171.911 (23,62%)
  • Црногорци - 28.050 (3,85%)
  • Роми - 11.230 (1,54%)
  • Неопределени муслимани - 9.679 (1,33%)
  • Хрвати - 5.290 (0,73%)

Попис на населението во 1953 година[уреди | уреди извор]

Вкупно - 808.141

Етнички состав:

  • Албанци - 524.559 (64,91%)
  • Срби - 189.969 (23,51%)
  • Црногорци - 31.343 (3,88%)
  • Југословени неопределени - 6.241 (0,77%)
  • Хрвати - 6.201 (0,77%)

Попис на населението во 1961 година[уреди | уреди извор]

Вкупно - 963.959

Етнички состав:

  • Албанци - 646.604 (67,08%)
  • Срби - 227.016 (23,55%)
  • Црногорци - 37.588 (3,9%)
  • Муслимани - 8.026 (0,83%)
  • Хрвати - 7.251 (0,75%)
  • Југословени - 5.203 (0,54%)
  • Роми - 3.202 (0,33%)

Попис на населението во 1971 година[уреди | уреди извор]

Вкупно - 1.243.693

Етнички состав:

  • Албанци - 916.168 (73,66%)
  • Срби - 228.264 (18,35%)
  • Црногорци: 31.555 (2,54%)
  • Муслимани - 26,357 (2,12%)
  • Роми - 14.593 (1,17%)
  • Турци - 12.244 (0,98%)
  • Хрвати - 8,264 (0,66%)
  • Југословени - 920

Пописот на населението во 1981 година[уреди | уреди извор]

Вкупно - 1.584.440

Етнички состав:

  • Албанци - 1.226.736 (77,42%)
  • Срби - 209.497 (13,22%)
  • Муслимани - 58.562 (3,7%)
  • Роми - 34.126 (2,15%)
  • Црногорци - 27.028 (1,71%)
  • Турци - 12.513 (0,79%)
  • Хрвати - 8.718 (0,55 %)
  • Југословени - 3.073 (0,19 %)

Попис на населението во 1991 година[уреди | уреди извор]

- Проценка на ПЗС Косово и Метохија:

Вкупно - 1.956.196

Поголемиот дел од населението од албанска националност го бојкотирал пописот. Проценката била направена од Покраинскиот завод за статистика на Косово и Метохија.

Етнички состав:

  • Албанци - 1.596.072 (81,59%)
  • Срби - 194.190 (9,93%)
  • Муслимани - 66.189 (3,38%)
  • Роми - 45.745 (2,34%)
  • Црногорци - 20.365 (1,04%)
  • Хрвати - 8.062 (0,41 %)
  • Југословени - 3.457 (0,18 %)
  • Останати - 21.933 (1,12 %)

- Попишано население:

Вкупно - 359.346

Етнички состав:

  • Срби - 194.190 (54.06%)
  • Муслимани - 57.758 (16.07%)
  • Роми - 44.307 (12.33%)
  • Црногорци - 20.365 (5,67%)
  • Албанци - 9.091 (2,53%)
  • Хрвати - 8.062 (2,24%)
  • Југословени - 3.457 (0,96%)
  • Останати - 21.933 (6,1%)

Верски состав:

  • православни - 216.742 (60,32%)
  • муслимани - 126.577 (35,22%)
  • католици - 9.990 (2,78%)
  • атеисти - 1036 (0,29)
  • непознато - 4417 (1,23)

Попис на населението од 2011 година[уреди | уреди извор]

Вкупно - 1.739.825

Етнички состав:[4]

  • Албанци: 1.616.869
  • Бошњаци: 27.533
  • Срби: 25.532
  • Турци: 18.738
  • Ашкали: 15.436
  • Египќани: 11.524
  • Горанци: 10.265
  • Роми: 8.824
  • Останати: 2.352

Напомена: пописот од 2011 година во Косово бил спроведен од соодветните органи на Република Косово. Овој попис бил бојкотиран од поголемиот дел на косовските Срби, така што вистинскиот број на Србите во Косово бил многу повисок од искажаните официјални резултати на пописот.

Демографски податоци на Заводот за статистика на Република Косово[5][уреди | уреди извор]

Проценката на населението во долната табела не е веродостојна од 1990-тите години. Од 1990 година, податоците исклучуваат некои родени и починати во местата населени со Срби.

Просечна популација (x 1000) Живородени Починати Природна промена Стапка на наталитет (на 1000) Стапка на морталитет (на 1000) Природна промена (на 1000)
1948 733 27 792 10 324 17 468 37,9 14,1 23,8
1949 751 31 643 12 937 18 706 42.1 17.2 24.9
1950 764 35 222 12 991 22 231 46.1 17.0 29.1
1951 780 29 299 14 833 14 466 37.6 19.0 18.5
1952 793 35 619 13 867 21 752 44.9 17.5 27.4
1953 813 34 595 16 726 17 869 42.6 20.6 22.0
1954 832 38 595 13 201 25 394 46.4 15.9 30.5
1955 842 36 736 15 292 21 444 43.6 18.2 25.5
1956 859 37 819 13 692 24 127 44.0 15.9 28.1
1957 873 34 159 15 300 18 859 39.1 17.5 21.6
1958 890 39 285 11 598 27 687 44.1 13.0 31.1
1959 921 37 364 12 878 24 486 40.6 14.0 26.6
1960 944 41 631 13 365 28 266 44.1 14.2 29.9
1961 972 40 561 11 759 28 802 41.7 12.1 29.6
1962 997 41 336 15 024 26 312 41.5 15.1 26.4
1963 1 021 41 525 12 423 29 102 40.7 12.2 28.5
1964 1 046 42 557 12 731 29 826 40.7 12.2 28.5
1965 1 075 43 569 11 767 31 802 40.5 10.9 29.6
1966 1 101 42 429 10 266 32 163 38.5 9.3 29.2
1967 1 131 44 001 11 308 32 693 38.9 10.0 28.9
1968 1 159 44 627 10 781 33 846 38.5 9.3 29.2
1969 1 189 46 480 10 892 35 588 39.1 9.2 29.9
1970 1 220 44 496 10 829 33 667 36.5 8.9 27.6
1971 1 254 47 060 10 312 36 748 37.5 8.2 29.3
1972 1 291 47 943 10 270 37 673 37.1 8.0 29.2
1973 1 329 47 714 10 358 37 356 35.9 7.8 28.1
1974 1 367 49 847 10 075 39 772 36.5 7.4 29.1
1975 1 406 49 310 10 018 39 292 35.1 7.1 27.9
1976 1 446 51 355 10 149 41 206 35.5 7.0 28.5
1977 1 487 49 849 9 811 40 038 33.5 6.6 26.9
1978 1 526 49 027 9 776 39 251 32.1 6.4 25.7
1979 1 566 48 125 9 575 38 550 30.7 6.1 24.6
1980 1 555 53 147 8 909 44 238 34.2 5.7 28.4
1981 1 595 48 111 9 677 38 434 30.2 6.1 24.1
1982 1 629 52 865 10 479 42 386 32.5 6.4 26.0
1983 1 664 49 645 11 040 38 605 29.8 6.6 23.2
1984 1 699 55 243 10 573 44 670 32.5 6.2 26.3
1985 1 735 53 925 11 826 42 099 31.1 6.8 24.3
1986 1 773 54 519 10 446 44 073 30.7 5.9 24.9
1987 1 811 56 221 10 307 45 914 31.0 5.7 25.4
1988 1 850 56 283 10 257 46 026 30.4 5.5 24.9
1989 1 889 53 656 10 181 43 475 28.4 5.4 23.0
1990 1 930 55 175 8 214 46 961 28.6 4.3 24.3
1991 1 967 52 263 8 526 43 737 26.6 4.3 22.2
1992 2 006 44 418 8 004 36 414 22.1 4.0 18.2
1993 2 043 44 132 7 804 36 328 21.6 3.8 17.8
1994 2 077 43 450 7 667 35 783 20.9 3.7 17.2
1995 2 113 44 776 8 671 36 105 21.2 4.1 17.1
1996 2 151 46 041 8 392 37 649 21.4 3.9 17.5
1997 2 186 42 920 8 624 34 296 19.6 3.9 15.7
1998 2 000 41 752 8 123 33 629 20.9 4.1 16.8
1999 2 000 40 020 7 569 32 451 20.0 3.8 16.2
2000 2 000 38 667 7 115 31 552 19.3 3.6 15.8
2001 2 000 37 412 6 672 30 740 18.7 3.3 15.4
2002 1 985 36 136 5 654 30 482 18.2 2.8 15.4
2003 2 016 31 994 6 417 25 577 15.9 3.2 12.7
2004 2 041 35 063 6 399 28 664 17.2 3.1 14.0
2005 2 070 37 218 7 207 30 011 18.0 3.5 14.5
2006 2 100 34 187 7 479 26 708 16.3 3.6 12.7
2007 2 126 33 112 6 681 26 431 15.6 3.1 12.4
2008 2 153 34 399 6 852 27 547 16.0 3.2 12.8
2009 2 175 34 240 7 030 27 210 15.7 3.2 12.5
2010

Демографски податоци на ЦИА[6][уреди | уреди извор]

Структура на возраст[уреди | уреди извор]

  • 0-14 години: 27.2 % (машки 258.078/женски 237,987)
  • 15-64 години: 66,1% (машки 630,350/женски 576,946)
  • 65 години и повеќе: 6,7% (машки 51,668/женски 70,603) (2011 проценка)

Средна возраст[уреди | уреди извор]

  • вкупно: 26,7 години
  • машки: 26,3 години
  • женски: 27,2 години (2011 проценка)

Родови односи[уреди | уреди извор]

  • на раѓање: 1,085 машки/женски
  • под 15 години: 1,09 машки/женски
  • 15-64 години: 1,09 машки/женски
  • 65 години и повеќе: 0.74 машки/женски
  • вкупно население: 1.06 машки/женски (2011 проценка)

Писменост[уреди | уреди извор]

Методологија: процент на население над 15 години кое знае да чита и пишува

  • вкупно население: 91.9%
  • машки: 96.6%
  • женски: 87.5%

Емиграција[уреди | уреди извор]

Бројот на државјаните од Косово и Метохија кои се наоѓаат во следниве земји: (Забелешка: Во некои статистики се вброени и родени на Косово и Метохија, а немаат државјанство на некоја од следните држави; а во некои други статистики се вбројани и сите кои се родени на Косово и Метохија, живеат во наведените земји со или без државјанство)

Извори: француска Википедија (демографија по држави) и нејзините извори.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Anton Bebler, Propuštena prilika“. Архивирано од изворникот на 23 септември 2009. Посетено на 15 јуни 2009.
  2. Турски катастарските регистрација (Оригиналната верзија на турски се чува во архивот во Истанбул, 1972 Институт за Biscuitine студии во Сараево направи превод на пописот под името Област Brankovic — opsirni катастарските се регистрирате од 1455. години)
  3. „Turski popis na Kosmetu iz 1455: 13 hiljada srpskih kuća, samo 46 albanskih“. www.novosti.rs (српски). Посетено на 2019-04-17.
  4. „Ethnic composition of Kosovo 2011“. pop-stat.mashke.org. Посетено на 2019-04-17.
  5. „Agjencia e Statistikave të Kosovës |“. ask.rks-gov.net. Посетено на 2019-04-17.
  6. ЦИА - книга на факти за Светот Архивирано на 8 мај 2020 г., <url> 1 април 2013 година.
  7. Voir sur destatis.de Архивирано на 13 август 2017 г. (consulté ле 13/04/2018).
  8. Population résidante permanente étrangère selon la nationalité Архивски примерок на Семрежниот архив (англиски) , OFS, consultà le 11 mars 2015.
  9. „2011 Census: QS213EW Country of birth (expanded), regions in England and Wales“. Office for National Statistics. 26 март 2013. Посетено на 16 јуни 2015.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  10. „Country of birth (detailed)“ (PDF). National Records of Scotland. Посетено на 16 јуни 2015.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  11. „Country of Birth - Full Detail: QS206NI“. Northern Ireland Statistics and Research Agency. Архивирано од изворникот на 4 март 2016. Посетено на 16 јуни 2015.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  12. „Database - Eurostat“. ec.europa.eu. Посетено на 2019-04-17.
  13. „2019-03-05“. ssb.no (англиски). Посетено на 2019-04-17.
  14. „Folkmängd efter födelseland 1900–2017“ (шведски). Statistics Sweden. Посетено на 21 февруари 2018.
  15. залог :http://ec.europa.eu/eurostat/data/database измена на пребарувачот ле 4 марс 2018
  16. Rapport sur l имиграција ау Danemark Тал сл Forår 2013 faktapå udlændingeområdet 2014lien : https://www.nyidanmark.dk/NR/rdonlyres/3333AA1E-0107-423F-A859-0A25BF24CFA9/0/Talogfakta2013.pdfhttp://dst.dk/en/Statistik/emner/indvandrere-og-efterkommere/indvandrere-og-efterkommerehttp://www.dst.dk/en/Statistik/emner/indvandrere-og-efterkommere/indvandrere-og-efterkommere Архивирано на 7 ноември 2017 г.
  17. Statec - État de la население http://www.statistiques.public.lu/stat/TableViewer/tableView.aspx?ReportId=12859&IF_Language=fra&MainTheme=2&FldrName=1
  18. „Data on number of foreigners“. Data on number of foreigners (англиски). Посетено на 2019-04-17.
  19. Евростат "база de données"
  20. „Population by country of birth, sex and age 1 January 1998-2018“. PX-Web. Посетено на 2019-04-17.[мртва врска]

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]