Синтика (општина)
Општина Синтика Δήμος Σιντικής | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Сер |
Гео. област: | |
Население: | 25.592 (2021) |
Седиште: | Валовишта |
Нас. места: | 44 |
Пошт. бр.: | 623 00 |
Пов. бр.: | 23230-2 |
Портал: | sidiki.gr/ |
Синтика (грчки: Δήμος Σιντικής, Димос Синдикис) — општина во Серскиот округ на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Валовишта (или Демир Хисар; гр. Сидирокастро). Подрачјето на општината приближно се совпаѓа со она што традиционално се смета за „Демирхисарско“ („Валовишко“).
Општината е наречена по горномакедонската област Синтика, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.
Населени места
[уреди | уреди извор]Општината Синтика е создадена на 1 јануари 2011 г. со спојување на општините Беласица (Керкини), Валовишта (Сидирокастро), Петрич (Петрици) и општинските целини Драготин (Промахонас), Крушево (Ахладохори) и Сенгелово (Ангистро) по законот „Каликратис“.[1] Општината практично е наследник на некогашната епархија Ситника во Серскиот округ која постоела до усвојувањето на законот „Каподистријас“ во 1997 г. и е приближно слична на Демирхисарската каза на Серскиот санџак во Османлиското царство.
Општинска единица Беласица
[уреди | уреди извор]Општинската единица Беласица со седиште во Станица Порој ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Станица Порој
- село Станица Порој (Ροδόπολη, Родополи) новосоздадено
- село Радила (Οδηγήτρια, Одигитрија)
- Општински оддел Анатолу
- Општински оддел Бутково
- село Бутково (Κερκίνη, Керкини)
- село Дели Хасан (Μοναστηράκι, Монастираки)
- село Старошево (Ставрово, Σταυροδρόμι, Ставродроми)
- село Ќулахли (или Ќулехли, Ќулекли; Κορυφούδι, Корифуди)
- Општински оддел Џума Маала
- село Џума Маала (Бутковска Џумаја; Λιβαδιά, Ливадија)
- Општински оддел Горно Порој
- село Горно Порој (Άνω Πορόια, Ано Пороја)
- Општински оддел Долно Порој
- село Долно Порој (Κάτω Πορόια, Като Пороја)
- село Кесеџи Чифлик (Σιδηροχώρι, Сидирохори)
- Општински оддел Матница
- село Матница (ии М’тница; Μακρινίτσα, Макриница )
- Општински оддел Неохори
- село Неохори (Νεοχώρι) новосоздадено
- Општински оддел Палмеш
- Општински оддел Шугово
- село Шугово (Πλατανάκια, Платанаќа)
Општинска единица Валовишта
[уреди | уреди извор]Општинската единица Валовишта ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Валовишта
- Општински оддел Камарето
- село Камарето (Καμαρωτό, Камарото)
- Општински оддел Латрово
- село Латрово (или Латарово; Χορτερό, Хортеро)
- Општински оддел Радово
- село Радово (или Радево; Χαροπό, Харопо)
- Општински оддел Савек
- село Савек (или Савјак; Βαμβακόφυτο, Вамвакофито)
- Општински оддел Чифлиџик
- село Чифлиџик (Στρυμονοχώρι, Стримонохори)
Општинска единица Драготин
[уреди | уреди извор]Општинската единица Драготин опфаќа само едно населено место — Драготин (Προμαχώνας, Промахонас).
На територијата на единицата се и отпишаните села Рајковци (Καπνότοπος, Капнотопос) и Рупел (Κλειδί, Клиди).
Општинска единица Крушево
[уреди | уреди извор]Општинската единица Крушево со седиште во Крушево (Ахладохори) опфаќа три села сместени во котлина во долината на Крушевска Река (Крусовитис), затворена меѓу планините Славјанка (Алиботуш или Орвилос) од север и Шарлија (Ори Врондус) од југ.
- Општински оддел Крушево
- Општински оддел Црвишта
- село Црвишта (Καπνόφυτο, Капнофито)
Општинска единица Петрич
[уреди | уреди извор]Општинската единица Петрич ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Ветрен
- село Ветрен (Νέο Πετρίτσι, Нео Петрици)
- Општински оддел Голема Маала
- село Голема Маала (или Бујук Маала; Μεγαλοχώρι, Мегалохори)
- Општински оддел Мандраџик
- село Мандраџик (Μανδράκι, Мандраки)
- Општински оддел Мрсна
- село Мрсна (Γόνιμο, Гонимо)
- Општински оддел Хаџи Бејлик
- село Хаџи Бејлик (Βυρώνεια, Виронија)
- село Горно Хаџи Бејлик (Άνω Βυρώνεια, Ано Виронија)
- село Рамна (Ομαλό, Омало)
На територијата на општината е и село Обаја (Агриолевка), отпишано во 1960 г.
Општинска единица Сенгелово
[уреди | уреди извор]Општинската единица Сенгелово опфаќа само едно населено место — Сенгелово (Άγκιστρο, Ангистро).
На територијата на општинската единица се и отпишаните села Вранково (Κάτω Καρυδιά, Като Каридија), Лехово (Κρασοχώρι, Красохори), Трнка (Δαμάσκηνο, Дамаскино) и Хоџово (Άνω Καρυδιά, Ано Каридија).
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
|