Прејди на содржината

Делта Големо Куче

Од Википедија — слободната енциклопедија
δ Големо Куче
Местоположба на Делта Големо Куче (заокружено)
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Canis Major
Ректасцензија 07ч 08м &1000000000234860800000023,48608с[1]
Деклинација −26° 23′ &1000000000035547400000035,5474″[1]
Прив. величина (V) 1.824[2]
Особености
Спектрален тип F8 Ia[3]
U−B Боен показател +0.584[2]
B−V Боен показател +0.67[4][5]
Променлив тип ?[6]
Астрометрија
Радијална брзина (Rv)34.3 ± 0.9[7] км/с
Сопствено движење (μ) Рект: –3.12[1] млс/г
Дек.: +3.31[1] млс/г
Паралакса (π)2.03 ± 0.38[1] млс
Оддалеченостприб. 1.600 сг
(приб. 490 пс)
Апсолутна величина (MV)–5.97[4]
Податоци
Маса14.9[8] M
Полупречник188[9] R
Површ. грав. (log g)1.00[8]
Сјајност37,500[10] – 51,000[11] L
Температура5,850[8] K
Вртежна брзина (v sin i)13,4 ± 1,9[5] км/с
Други ознаки
Везен, Вазен, Везејам Алвазн, ел-Вазор, 25 Canis Majoris, CD−263916, FK5 273, HD 54605, HIP 34444, HR 2693, SAO 173047.
Наводи во бази
SIMBAD— податоци

Делта Големо Куче (латинизирано од δ Canis Majoris, скратено Делта CMa, δ CMa ), официјално именувана како Вазен (/ˈwzən/),[12]ѕвезда во соѕвездието Големо Куче. Таа е жолтобел суперџин од типот F со привидна величина од +1,83. Од 1943 година, спектарот на оваа ѕвезда служи како една од стабилните точки на прицврстување според која се класифицираат другите ѕвезди.[13]

Набљудување

[уреди | уреди извор]

Делта Големо Куче е трета најсветла ѕвезда во соѕвездието по Сириус и ε Големо Куче (Адара), со привидна величина од +1,83 и има бела или жолтобела боја. Сместена на околу 10 степени југоисточно од Сириус, се издига само на околу 11 степени над хоризонтот на географската ширина на Обединетото Кралство.[14] Расеаното јато NGC 2354 се наоѓа на само 1,3 степени источно од Делта Големо Куче .[15] Како и со остатокот од Големо Куче, Делта Големо Куче е највидлива на зимското небо на северната полутопка и на летното небо на јужната полутопка. Во Уранометрија на Бајер, таа се наоѓа во задниот дел на соѕвездието Големо Куче.

Историја и именување

[уреди | уреди извор]

Делта Големо Куче (латинизирано во Delta Canis Majoris) претставува бајерова ознака на ѕвездата.

Традиционалното име, Везен (алтернативно Wesen, или Wezea), потекнува од средновековниот арапски збор al-wazn, што значи „тежина“ на современиот арапски јазик. Името се однесувало за една од парот ѕвезди, а другата била Хадар, што денес се однесува на Бета Кентаур. Не е јасно дали парот ѕвезди првично бил Алфа и Бета Кентаур или Алфа и Бета Голуб. Во секој случај, името некако било применето и на Делта Големо Куче и на Бета Голуб.[16] Ричард Хинкли Ален смета дека името алудира на тешкотијата на ѕвездата да се издигне над хоризонтот на северната полутопка.[17] Астрономот Џим Калер ја забележал соодветноста на традиционалното име со оглед на масивната природа на ѕвездата.

Во 2016 година, Меѓународниот астрономски сојуз организирал Работна група за имиња на ѕвезди (РГИЅ) за да ги каталогизира и стандардизира соодветните имиња за ѕвездите. Првиот билтен на РГИЅ од јули 2016 година вклучувал табела со првите две серии на имиња одобрени од РГИЅ; во кој бил вклучен и Везен.

На кинески ,弧矢, што значи Лак и стрела,[18] се однесува на астеризам кој се состои од δ Големо Куче, ε Големо Куче, η Големо Куче, κ Големо Куче, ο Крма, π Крма, χ Крма, c Крма и k Крма. Следствено, самата δ Големо Куче е позната како弧矢一 или на македонски: Првата ѕвезда на лакот и стрелата.[19]

Во каталогот на ѕвезди во Календарот на ел-Ахсаси ел-Муаккет, оваа ѕвезда била означена како Талат ел-Аџари (تالت ألعذاري - taalit al-aðārii ), што на латински е преведено како Tertia Virginum, што значи трета девица.[20] Оваа ѕвезда, заедно со ε Големо Куче (Адара), η Големо Куче (Алудра) и ο<sup id="mwnA">2</sup> Големо Куче, биле познати како Ал адхара (ألعذاري ), односно Девици.[21][22]

Физички својства

[уреди | уреди извор]
Уметничка илустрација на Везен, жолт суперџин оддалечен 1.600 светлосни години во соѕвездието Големиот Куче

Делта Големо Куче е суперџин од класата F8. Нејзината површинска температура е околу 5.818 К[23], и е 14 пати помасивна од Сонцето.[8] Нејзината апсолутна величина е −5,97[4], и се наоѓа на оддалеченост од околу 1.600 светлосни години. Се врти со брзина од околу 28 км/сек, и затоа може да потрае една година за целосно да се ротира. Само пред околу 10 милиони години, Делта Големо Куче престанала да спојува водород во нејзиното јадро. Нејзината надворешна обвивка почнува да се шири и лади, а во следните 100.000 години ќе стане црвен суперџин бидејќи нејзиното јадро спојува сè потешки и потешки елементи. Штом ќе има железно јадро, ќе се сруши и ќе експлодира како супернова.[24]

Аголниот пречник на Везен е измерен со помош на интерферометрија, давајќи пречник со рабно затемнување од 3,633 ± 0,026 . Џеј Дејвис и сор. (2007) го искористиле овој аголен пречник и пресметале физички полупречник од 215 ± 66 користејќи паралакса од 1,82 ± 0,56 измерени со Хипаркос, што подразбира растојание од 1,800 ± 550.[23] Оттогаш, намалувањето на Хипаркос од 2007 година ја рафинира паралаксата на 2,03 ± 0,38, што одговара на растојание од околу 1.600 ± 300 (493 парсеци).[1] Ова растојание дава помал полупречник од 193 R користејќи го аголниот полупречник[25]. По новото растојание, студија од 2017 година објавила полупречник од 188 R врз основа на ѕвездената температура и сјајност.[9]

Ако Делта Големо Куче би била блиску до Земјата како Сириус, би била светла како полуполна месечина.[26]

Современо наследство

[уреди | уреди извор]

Делта Големо Куче се појавува на знамето на Бразил, симболизирајќи ја државата Рораима .[27]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 van Leeuwen, F. (November 2007). „Validation of the new Hipparcos reduction“. Astronomy and Astrophysics. 474 (2): 653–664. arXiv:0708.1752. Bibcode:2007A&A...474..653V. doi:10.1051/0004-6361:20078357. S2CID 18759600.
  2. 2,0 2,1 Gutierrez-Moreno, Adelina; и др. (1966). „A System of photometric standards“. Publ. Dept. Astron. Univ. Chile. Publicaciones Universidad de Chile, Department de Astronomy. 1: 1–17. Bibcode:1966PDAUC...1....1G.
  3. Lyubimkov, Leonid S.; и др. (February 2010). „Accurate fundamental parameters for A-, F- and G-type Supergiants in the solar neighbourhood“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 402 (2): 1369–1379. arXiv:0911.1335. Bibcode:2010MNRAS.402.1369L. doi:10.1111/j.1365-2966.2009.15979.x. S2CID 119096173.
  4. 4,0 4,1 4,2 Luck, R. Earle (2014-06-01). „Parameters and Abundances in Luminous Stars“. The Astronomical Journal. 147 (6): 137. Bibcode:2014AJ....147..137L. doi:10.1088/0004-6256/147/6/137. ISSN 0004-6256. Delta Canis Majoris' database entry at VizieR.
  5. 5,0 5,1 Ammler-von Eiff, M.; Reiners, A. (2012-06-01). „New measurements of rotation and differential rotation in A-F stars: are there two populations of differentially rotating stars?“. Astronomy and Astrophysics. 542: A116. arXiv:1204.2459. Bibcode:2012A&A...542A.116A. doi:10.1051/0004-6361/201118724. ISSN 0004-6361. Delta Canis Majoris' database entry at VizieR.
  6. Koen, Chris; Eyer, Laurent (2002). „New periodic variables from the Hipparcos epoch photometry“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 331 (1): 45–59. arXiv:astro-ph/0112194. Bibcode:2002MNRAS.331...45K. doi:10.1046/j.1365-8711.2002.05150.x. ISSN 0035-8711. S2CID 10505995.
  7. Evans, D. S. (June 20–24, 1966). Batten, Alan Henry; Heard, John Frederick (уред.). „The Revision of the General Catalogue of Radial Velocities“. Determination of Radial Velocities and Their Applications, Proceedings from IAU Symposium No. 30. University of Toronto: International Astronomical Union. 30: 57. Bibcode:1967IAUS...30...57E.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 Lyubimkov, Leonid S.; Lambert, David L.; Korotin, Sergey A.; Rachkovskaya, Tamara M.; Poklad, Dmitry B. (2015-02-01), „Carbon abundance and the N/C ratio in atmospheres of A-, F- and G-type supergiants and bright giants“, Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, 446 (4): 3447–3460, arXiv:1411.2722, Bibcode:2015MNRAS.446.3447L, doi:10.1093/mnras/stu2299, ISSN 1365-2966
  9. 9,0 9,1 McDonald, I.; Zijlstra, A. A.; Watson, R. A. (2017-10-01). „Fundamental parameters and infrared excesses of Tycho-Gaia stars“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 471 (1): 770–791. arXiv:1706.02208. Bibcode:2017MNRAS.471..770M. doi:10.1093/mnras/stx1433. ISSN 0035-8711. Wezen's database entry at VizieR.
  10. M., Hohle, M.; R., Neuhäuser; F., Schutz, B. (April 2010). „Masses and luminosities of O- and B-type stars and red supergiants“. Astronomische Nachrichten (англиски). 331 (4): 349. arXiv:1003.2335. Bibcode:2010AN....331..349H. doi:10.1002/asna.200911355. ISSN 0004-6337. Delta Canis Majoris' database entry in VizieR.
  11. Arellano Ferro, A.; Giridhar, S.; Rojo Arellano, E. (April 2003). „A Revised Calibration of the MV-W(O I 7774) Relationship using Hipparcos Data: Its Application to Cepheids and Evolved Stars“. Revista Mexicana de Astronomía y Astrofísica. 39: 3–15. arXiv:astro-ph/0210695. Bibcode:2003RMxAA..39....3A.
  12. „IAU Catalog of Star Names“. Посетено на 28 July 2016.
  13. Garrison, R. F. (December 1993). „Anchor Points for the MK System of Spectral Classification“. Bulletin of the American Astronomical Society. 25: 1319. Bibcode:1993AAS...183.1710G. Архивирано од изворникот на 2019-06-25. Посетено на 2012-02-04.
  14. Mobberly, Martin (2009). The Caldwell Objects and How to Observe Them. Springer. стр. 136. ISBN 978-1-4419-0325-9.
  15. „Canis Major“.
  16. Kunitzsch, Paul; Smart, Tim (2006). A Dictionary of Modern star Names: A Short Guide to 254 Star Names and Their Derivations (2nd rev.. изд.). Cambridge, MA: Sky Pub. стр. 23. ISBN 978-1-931559-44-7.
  17. Allen, R H (1963) [1899]. Star Names: Their Lore and Meaning (rep.. изд.). New York, NY: Dover Publications Inc. стр. 130. ISBN 0-486-21079-0.Allen, R H (1963) [1899].
  18. 弧矢 (Hú Shǐ) is westernized into Koo She.
  19. (на кинески) AEEA (Activities of Exhibition and Education in Astronomy) 天文教育資訊網 2006 年 7 月 17 日 Архивирано на 4 февруари 2012 г.
  20. Knobel, E. B. (June 1895). „Al Achsasi Al Mouakket, on a catalogue of stars in the Calendarium of Mohammad Al Achsasi Al Mouakket“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 55 (8): 429–438. Bibcode:1895MNRAS..55..429K. doi:10.1093/mnras/55.8.429.
  21. Allen, R. H. (1963). Star Names: Their Lore and Meaning (Reprint. изд.). New York: Dover Publications Inc. стр. 130. ISBN 0-486-21079-0. Посетено на 2010-12-12.
  22. ε CMa as Aoul al Adzari or Prima Virginum (the first virgin), ο2 CMa as Thanih al Adzari or Secunda Virginum (the second virgin) and δ CMa as Thalath al Adzari or Tertia Virginum (the third virgin).
  23. 23,0 23,1 Davis, J.; и др. (October 2007). „The Emergent Flux and Effective Temperature of δ Canis Majoris“. Publications of the Astronomical Society of Australia. 24 (3): 151–158. arXiv:0709.3873. Bibcode:2007PASA...24..151D. doi:10.1071/AS07017. S2CID 9095731.
  24. Kaler, James B. „Wezen“. Stars website. University of Illinois. Посетено на 28 May 2010.Kaler, James B. "Wezen".
  25. Lang, Kenneth R. (2006), Astrophysical formulae, Astronomy and astrophysics library, 1 (3. изд.), Birkhäuser, ISBN 978-3-540-29692-8. The radius (R*) is given by:
  26. Ridpath, Ian; Tirion, Will (2003). The Monthly Sky Guide. Cambridge University Press. стр. 16. ISBN 0-521-53306-6.
  27. „Astronomy of the Brazilian Flag“. FOTW Flags Of The World website.