Прејди на содржината

Делта-врска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Образување на δ-врска со преклоп на две d-орбитали
3Д-модел на гранична површина на δ-врска во Mo2

Делта-врска (δ-врска) — ковалентна хемиска врска, каде четири резни на една атомска орбитала се преклопуваат со четири резни на друга. Овој преклоп води до образување на сврзувачка молекулска орбитала со две јазолни рамнини на кои лежи меѓујадрената оска и минуваат низ двата атома.[1][2][3][4]

Грчката буква δ се однесува на d-орбиталите, бидејќи орбиталната симетрија на δ-врската е иста со онаа на вообичаениот (4-резнен) вид на d-орбитала гледана долж оската на врската. Овој вид на сврзување се забележува кај атомите кои зазеле d-орбитали со доволно мала енергија за да учествуваат во ковалентно сврзување, на пример, кај органометалните видови на преодни метали. Некои соединенија на рениумот, молибденот и хромот содржат четворна врска, која се состои од една σ-врска, две π-врски и една δ-врска.

Орбиталната симетрија на δ-сврзувачката орбитала се разликува од онаа на π-антисврзувачката орбитала, каде има јазолна рамнина на која лежи меѓујадрената оска, и друга јазолна рамнина под прав агол на оската помеѓу атомите.

Буквата δ во хемиските врски ја вовел Роберт Маликен во 1931 г.[5][6] δ-врската за првпат е забележана кај соединението калиум октахлородиренат(III). Во 1965 г. Ф. А. Котон пронашол δ-сврзување како дел од рениумско-рениумската четворна врска во јонот [Re2Cl8]2−.[7] Друг интересен пример за δ-врска е циклобутадиенжелезо трикарбонилот, каде таа е присутна меѓу d-орбиталата на железото и четирите p-орбитали на придружната циклобутадиенска молекула.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cotton, F. A.; Wilkinson, G. (1988). Advanced Inorganic Chemistry (5. изд.). John Wiley. стр. 1087–1091. ISBN 0-471-84997-9.
  2. Douglas, B.; McDaniel, D. H.; Alexander, J. J. (1983). Concepts and Models of Inorganic Chemistry (2. изд.). Wiley. стр. 137. ISBN 9780471895053.
  3. Huheey, J. E. (1983). Inorganic Chemistry (3rd. изд.). Harper and Row. стр. 743–744. ISBN 9780060429874.
  4. Miessler, G. L.; Tarr, D. A. (1998). Inorganic Chemistry (2. изд.). Prentice-Hall. стр. 123–124. ISBN 978-0138418915.
  5. Jensen, William B. (2013). „The Origin of the Sigma, Pi, Delta Notation for Chemical Bonds“. J. Chem. Educ. 90 (6): 802–803. Bibcode:2013JChEd..90..802J. doi:10.1021/ed200298h.
  6. Mulliken, Robert S. (1931). „Bonding Power of Electrons and Theory of Valence“. Chem. Rev. 9 (3): 347–388. doi:10.1021/cr60034a001.
  7. Cotton, F. A. (1965). „Metal–Metal Bonding in [Re2X8]2− Ions and Other Metal Atom Clusters“. Inorg. Chem. 4 (3): 334–336. doi:10.1021/ic50025a016.