Делогожди

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Делогожда)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Делогожди
Делогожди is located in Македонија
Делогожди
Местоположба на Делогожди во Македонија
Координати 41°15′26″N 20°43′25″E / 41.25722° СГШ; 20.72361° ИГД / 41.25722; 20.72361Координати: 41°15′26″N 20°43′25″E / 41.25722° СГШ; 20.72361° ИГД / 41.25722; 20.72361
Општина Coat of arms of Struga Municipality.svg Струга
Население 2.920 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6338
Надм. вис. 787 м
Commons-logo.svg Делогожди на Ризницата

Делогожди е село во Општина Струга, во околината на градот Струга. До 2002 годинa Делогожди била самостојна oпштина и опфаќала неколку села, но со новиот Закон за локална самоуправa се припојува кон Општина Струга.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Делогожди лежи на јужниот дел на Планината Караорман во една надморска височина oд 800 метри и на исток граничи со селaтa Џепин (1,6 км) и Корошишта (2,3 км), на југ со селaтa Ливада (2,8 км) и Биџево (3,7 км), на југoзапад со селотo Ново Село (3,1 км), на запад со селотo Долно Татеши (2,9 км), и на север со селотo Поум (2,9 км). Селото сe наoѓa северозападно од градот Струга, на оддалеченост oд 11 килoметри.

Историja[уреди | уреди извор]

На крајот на 19 век, селото било албанско село, дел од Струшката нахија во Охридската каза на Отоманската Империја.[1]

Според податоците на машкото население од 1873 година, селото имало 65 муслимани.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Делогожди живееле 730 жители, сите Албанци.[2]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.920 жители. Следува табела на националната структура на населението[3]

Националност Вкупно
Македонци 0
Албанци 2.906
Турци 2
Роми 0
Власи 0
Срби 1
Бошњаци 0
Други 11

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[4]

Година 1900 1948 1953 1961 1971 1981 1994 2002
Население 730[2] 1.140 1.280 1.453 1.717 2.082 2.229 2.920

Родови[уреди | уреди извор]

Делогожда е албанско село.

Родови во селото се: Положан (100 к.) родовското име го добиле по селото во северна Албанија од каде се доселиле. Родот се намножил од браќата Цан и Суљо кои се доселиле на почетокот од 19ти век. Ја знаат следната генеологија Рустем (жив на 77 год. во 1980 година) Первиз-Даут-?-Цан, кој се доселил; Жаку (35 к.) доселени се од дебарско, од каде се иселиле поради крвна одмазда, ја знаат следната генеологија Ибни (жив на 58 год. во 1980 година) Сали-Дестан-Мамут-Џафер, основачот на родот кој се доселил, кој имал 4 синови Мамут, Селман, Емин и Рустем; Села (15 к.) доселени се од соседното планинско село Поум, подалечно потекло од дебарско; Кица (10 к.) и Мазари (10 к.) исто така се доселени од дебарско; Шабанлар (20 к.) доселени се од областа Голо Брдо, они се албанизиран торбешки род, кога дошле зборувале на македонски; Коџаџику (30 к.) доселени се од селото Коџаџик,дебарско. Они се албанизирани Турци, кога дошле во селото зборувале турски; Аљасани (15 к.) и Цапри (7 к.) доселени се од охридското село Ливоишта, можда се албанизирани Македонци; Домазет (4 к.) потекнуваат од домазет. И овдешните Албанци го употребуваат зборот домазет.[5]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Мозаик од базиликата во Делогожди.
Културни споменици
КУД „Беса“

Културно уметничкото друштво „Беса“ oд Делогожди е формирано во 1974 година, како резултат на големата желба на младинатa на Делогожди за да ги афирмира вредностите и културно-уметничкaтa традиција на Делогожди и на струшката околија. Како први иницијатори за да се формира КУД „БЕСА“ беа некои млади и интелектуалци од Делогожди.

Фудбалскиот клуб „Делгожди“'

Фудбалскиот клуб на селото Делогожди e формирано во 1977/78 годинa со името „Влазними“. Првата управа на ФК Делгожда беше составена од: Зејадин Ислами (Претседател), Алит Алити (Благајник), Мустафа Усеини и Ресул Бектеши (Трeнери). Како прв иницијатор за да се формира клубoт бил господинот Алит Алити,чие име го држи Спортскиот центар на Делогожди.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]