Делиблатски Песоци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Делиблатски Песоци
Deliblatska peščara 004.JPG
Делиблатски Песоци
Највисока точка
Надм. вис.198 м
Координати44°53′01″N 21°05′33″E / 44.88361° СГШ; 21.09250° ИГД / 44.88361; 21.09250Координати: 44°53′01″N 21°05′33″E / 44.88361° СГШ; 21.09250° ИГД / 44.88361; 21.09250
Географија

Делиблатски Песоци (српски: Делиблатска пешчара) или Банатски Песоци (српски: Банатски песак) – единствени песоци во Европа, кои се наоѓаат во јуогисточниот дел на српската покраина Војводина, во јужен Банат.

Оваа област распослана на површина од околу 300 km², чии главни песочни маси се со елипсовиден облик, опкружени со плодни лесни земјоделски површини, се протега меѓу Дунав и југозападните падини на Карпатите.

Овој споменик на историјата на природата на Панонската Низина, едно е од ретките прибежишта за многу специфични видови флора и фауна, кои во европски и светски рамки претставуваат природни реткости. Песоците претставуваат геоморфолошки и еколошко-биогеографски феномен не само на Панонската Низина, туку и на цела Европа. За специјален резерват на природата „Делиблатски Песоци“ е прогласен во 1977 година.

Географија[уреди | уреди извор]

Специјалниот резерват на природата се простира на површини од 34.829 хектара во четири општини: Ковин, Алибунар, Бела Црква и Вршац. На резерватот му припаѓа и Ада Жилава (92 хектари) и дел од акваторијата на Дунав. Се простира на север од Дунав, во правец југоисток-северозапад, околу 35 км во должина и околу 9 до 12 км во ширина. Релјефот настанал на лесна брановите зарамнина со нанесување на слоеви песок и наноси од Дунав и околните реки кои потоа со делувањето на ветрот (кошава) обликувале дини. Највисоки врвови се Плуц (198 м) и Црн Врв (Црни врх) (192 м). Дебелината на песокот се движи од 5 до 30 метра во ниските песоци кои се најблиски до Дунав и каде надморските висини се меѓу 75 и 85 метри, па сè до 20 до 100 метра во областите на високи песоци каде надморските висини се од 100 до 135 метра.

Жив свет[уреди | уреди извор]

Богатството на флората на ова подрачје се гледа во постоењето на околу 900 вида виши растенија, од кои многу се реликти и раритети, како и видови чија распространетост е ограничена на Панонската Низина. Единствено овде, во однос на цела Србија, се наоѓаат: банатски божур, степски божур, Панчиќев пелен, шерпет и Дегенова коцкавица. Своето живеалиште овде го „нашле“ и 20 вида орхидеи. Делиблатските Песоци во вегетациска смисла се мешавина на степа и шумо-степа, која се одликува со мозаик на тревни, жбунести и шумски живеалишта.

Заради присуството на голем број видови птици, од кои многу се ретки и загрозени, ова подрачје е класифицирано во најзначајните живеалишта на птици во Европа – подрачје ИБА. Од групата грабливци, кои се најзагрозени птици, застапени се видови како што се: банатски сокол, орел крсташ и орел кликташ. Нивното појавување е условено со пасиштата и присуството на стоболката , која претставува основа за нивната исхрана. Од животинското царство на Делиблатските Песоци присутни се: волк, елен, срна и дива свиња.

Природните карактеристики и единственоста на овој крај го прават погоден за рекреација, лов и риболов, наутички туризам, а пред сè еколошки туризам. Со цел заштита на ова подрачје, Делиблатските Песоци се прогласени за специјален резерват на природата.

Од 2002 година, Делиблатските Песоци се наоѓаат на прелиминарниот список на Унеско како подрачје со исклучителни природни вредности.

Ловиште[уреди | уреди извор]

Ловиштето Делиблатски Песоци се наоѓа на површина од 33.610 хектари од кои 1.850 хектари се оградени. Ловиштето се наоѓа во рамки на Јавното претпријатие Војводински шуми со кое управува шумското претпријатие Банат Панчево.

Од крупниот дивеч може да се ловат елени, диви свињи и срни, а од ситниот, диви пајки и диви гуски.

Ловиштето се наоѓа во Јужен Банат и опкружено е со три реки Дунав, Тамиш и Караш. Југоисточниот дел на ловиштето во должина од седум километри е покрај Дунав - Драгиќев Хат, зафаќа површина од 1.850 хектари и е оспособено како ловно-одгледувачки центар.

Занимливости[уреди | уреди извор]

  • Најголем дел од филмотНајвећи део радње филма „Кој тоа таму пее“ сниман е во Делиблатските Песоци. Тука е сниман и филмот „Бој на Косово“.[1]
  • Делиблатските Песоци се традиционална дестинација селечките пчелари од цела Србија кои ја користат богатата багремова шума за пчелна паша, а потоа преоѓаат на просторите под липа каде продолжуваат медобер. Багремовиот и липовиот мед од Делиблатските Песоци се многу ценети.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]