Делата на Јоже Плечник во Љубљана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Делата на Јоже Плечник во Љубљана
светско наследство на УНЕСКО
Дел од Тромостовјето
Тромостовје во Љубљана
МестоСловенија
Критериумкултурно: (iv)
Навод1643
Запис2021 (XLV заседание)

Делата на Јоже Плечник во Љубљана претставуваат пример за урбано решение насочен кон промена на идентитетот на градот по распадот на Австроунгарското Царство, кога од провинциски град се претворил во симболичен главен град на Словенија. Трансформацијата била заснована на архитектонски дијалог со постариот град, служејќи ги потребите на новото модерно општество од 20 век[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Јоже Плечник 1943 година Јоже Плечник е роден во 1872 година во Љубљана. Се школувал во Грац, а дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Виена, отсек за архитектура, под водство на Ото Вагнер.

По дипломирањето работел кратко во Италија, потоа десет години во Виена во студиото на Вагнер и на крајот како слободен архитект.

Помеѓу 1911 и 1921 година Плечник живеел во Прага и помеѓу Првата и Втората светска војна во Љубљана.

Љубљана на Плечник е тесно поврзана со неговиот дом во љубљанската населба Трново. Копнената оска од Трново и истоимениот мост, покрај улиците Емонска и Вегова, сè до центарот на градот и Конгресниот центар и паркот Звијезда ја носат идејата на Плечник. Водената оска ја сочинуваат неговите проекти за регулирање на речниот тек на реката Љубљанчица, нејзините притоки Градошчица, бреговите на реките во центарот на градот, Чевљарски мост, познатото Тромостовје и речната брана. Делата на Плечник се наоѓаат по двете линии, копно и вода, и создаваат целина која денес се нарекува Плечникова Љубљана. Се состои од плоштади, паркови, улици, шеталишта, мостови и јавни згради (Национална библиотека, цркви, трговски центри, гробишта).

Светско наследство[уреди | уреди извор]

Пред да биде прогласена за светско наследство, Љубљана добила неколку награди:

  • Европската комисија ја прогласила Љубљана за зелена престолнина на Европа за 2016 година.
  • Љубљана освоила и Оскар за туризам, Зелено јаболко на Меѓународната асоцијација на туристички новинари и писатели FIJET.
  • Љубљана двапати била рангирана меѓу 100-те најдобро развиени земји во однос на одржливиот развој во светот (Global Top 100 Sustainable Destinations) на конференцијата „Global Green Destinations Day“.
  • На Словенечките денови на туризмот, Словенечкиот туристички одбор доделил прво место во категоријата урбани јадра за еколошката зона Словенска цеста (Slovenska cesta) и прво место во категоријата поголеми места.
  • Поединечни архитектонски достигнувања на Јоже Плечник се прогласени за споменици на културата од национално значење, според Правилникот за прогласување на делото на архитектот Јоже Плечник во Љубљана (Службен весник на Република Словенија бр. 51/09 од 3 јули 2009 година)

Во 2021 година, УНЕСКО ја прогласил Плечникова Љубљана за светско наследство.

Список на локации[уреди | уреди извор]

Карта на сите координати: OpenStreetMap 
Преземи координати како: KML · GPX

Светското наследство опфаќа седум дела или ансамбли на Плечник:

Име Слика ID Координати Површина Тампон-зона Опис
Трновски мост Трновски мост со Трновската црква во позадина 1643-001 46°02′36″N 14°30′08″E / 46.04333° СГШ; 14.50222° ИГД / 46.04333; 14.50222 (Трновски мост) N/A N/A
Зелено шеталиште покрај улицата Вегова Конгресен плоштад со Љубљанскиот замок во позадина 1643-002 46°02′52″N 14°30′12″E / 46.04778° СГШ; 14.50333° ИГД / 46.04778; 14.50333 (Зелено шеталиште покрај улицата Вегова) N/A N/A
Арх. Пазарот на Плечник 1643-003 46°02′56″N 14°30′20″E / 46.04889° СГШ; 14.50556° ИГД / 46.04889; 14.50556 (Plečnik's Marketplace) 12.388 ha (30.61 acres) N/A
Шеталиште покрај насипите и мостовите на реката Љубљаница Љубљаница 1643-003 46°02′56″N 14°30′20″E / 46.04889° СГШ; 14.50556° ИГД / 46.04889; 14.50556 (Шеталиште покрај насипите и мостовите на реката Љубљаница) 12.388 ha (30.61 acres) N/A
Римски ѕидини во Мирје Реконструирани римски ѕидови покрај пат 1643-004 46°02′45″N 14°29′54″E / 46.04583° СГШ; 14.49833° ИГД / 46.04583; 14.49833 (Римски ѕидини во Мирје) 0.72 ha (1.8 acres) 1.055 ha (2.61 acres)
Црква Свети Михаил 1643-005 46°00′44″N 14°30′21″E / 46.01222° СГШ; 14.50583° ИГД / 46.01222; 14.50583 (Црквата Свети Михаил) 0.281 ha (0.69 acres) 12.984 ha (32.08 acres)
Црквата Свети Фрањо од Асизи 1643-006 46°04′06″N 14°29′49″E / 46.06833° СГШ; 14.49694° ИГД / 46.06833; 14.49694 (Црквата Свети Фрањо од Асизи) 1.079 ha (2.67 acres) 30.23 ha (74.7 acres)
Плечник Жале – Градина на сите светци 1643-007 46°04′03″N 14°31′43″E / 46.06750° СГШ; 14.52861° ИГД / 46.06750; 14.52861 (Плечник Жале – Градина на сите светци) 1.323 ha (3.27 acres) 45.752 ha (113.06 acres)

Наводи[уреди | уреди извор]