Декларација за независност на Азербејџан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Декларација за независност на Азербејџан
Оригиналниот текст на азербејџански јазик
Оригиналниот текст на азербејџански јазик
Создаден 28 May 1918
Место Национален Музеј на Историјата на Азербејџан
Намена Прогласување на независност

Декларацијата за независност на Азербејџан (азерски: Azərbaycanın İstiqlal Bəyannaməsi) — декларација за независност на Азербејџанска Демократска Република од Руското Царство. Азербејџан прогласил независност во Тифлис на 28 мај 1918 година[1].

Азербејџанската Демократска Република била основана од Азербејџанскиот Национален Совет во Тифлис на 28 мај 1918 година по распадот на Руското Царство кое започнало со Руската револуција од 1917 година. Муслиманската застапеност во непостоечката Закавказска Република се конституирала во Национален Азербејџански Совет, а на 28 мај 1918 година објавил дека е „родена нова нација“. Дотогаш географската референца, Азербејџан по прогласувањето станало името на државата, а околу 2 милиони луѓе, наречени Татари, Закавказски муслимани и Кавкаски Турци, официјално станале Азери[2].

Историја[уреди | уреди извор]

На почетокот на 1918 година, политичката ситуација на Кавказ останала критична. По неуспехот на руско-германските мировни разговори во Брест-Литовск, германско-турските војници започнале со напади на Кавказ на 6 декември 1917 година. На почетокот на јануари 1918 турските војници успеале да ги освојат провинциите Карс и Батуми[3].

Пратениците од регионот одлучиле да формираат свој парламент како единствено владино тело во земјата на 14 февруари 1918 година[4].

30 членови на партијата Мусават и Демократската партија, 7 членови од муслиманските социјалисти, 3 членови од партијата Итихад и 4 членови од партијата Демократска социјалдемократска партија биле вклучени во сенатот парламентот. Како резултат на тоа, 44 Азери воспоставиле муслимански дел од парламентот[4].

Прогласување[уреди | уреди извор]

На 28 мај 1918 година во палатата на поранешниот гувернер на рускиот цар на Кавказот во Тифлис, се собрале членовите на Националниот Совет со претседавал д-р Хасан-бег Агајев. Тој ги информирал учесниците за распаѓањето на парламентот, како и за внатрешната и надворешната ситуација во регионот. По долга и темелна дискусија, секретарот Мустафа Махмудов ги прочитал резултатите. Така, со 24 гласови и со 2 воздржани, била освоена Декларација за независност на Азербејџан. Декларацијата ја потпишале Хасан-бег Агајев, Фатали Хан Хојоски, Насиб Јусифеили, Јамо-беј Хаџински, Шафи-бег Рустамбејли, Нариман-бег Нариманбејев, Јавад Малик-Јеганов и Мустафа Махмудов. Само Џафар Ахундов и еден од лидерите на партијата „Итихад“ Маџид Султан Гани Задех не гласале за усвојување на Декларацијата[5][6].

Во 2007 година бил поставен споменик посветен на усвојувањето на Декларацијата за независност. Декларацијата за независност (усвоена во Тбилиси, 1918), во двете верзии напишани со поранешните азербејџански букви и на латинска азбука, биле издлабени на споменикот. На церемонијата на отварањето присуствувал претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев.[7].

Денот на усвојувањето на Декларацијата за независност во земјата денес се слави како државен празник од 28 мај 1990 година[8][9].

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]