Декаденс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Група формирана во 1989 година од Васко Марковски (вокал, музика, текстови), Ѓорѓи Лозаноски (гитара, текстови, програмирање, продукција), Александар Гумберовски (бас гитара/гитара) и Горан Величков (тапани), формација во која настапија на Поп-рок фест 1989 (Дом на млади „25 Мај“, денес МКЦ).

Почетоците на групата се под силно влијание на Падот на Византија, Мизар, Телонаука Совршена и Скрб и утеха, влијание кое се чувствува и во подоцнежните фази на бендот, кога авторите на музиката и текстовите (Лозаноски/Марковски) почнуваат да ја откриваат својата авторска зрелост.

Во текот на постоењето (последните активности се регистрирани околу 2006 г.) групата сними петнаесетина демо снимки, во три периоди од своето постоење - првите, (Исчезнувам, Еден си, Скрб и утеха, ...) снимени во домашното студио на Дориан Јовановиќ (ex. Плавајс, Девијант, Сет, Стринг Форсис..), вторите, (Исчезнувам, Еден си, Летаат, Да можеш далеку да леташ) снимени во студиото на Зоран Михаилов „Нашински звук“ (Драчево) и третите, снимени повторно во студиото Нашински звук, (П.С., Твојот лик, Третата боја, Помен, Малку светлина за нас, Нем..), продуцирани од Ѓорѓи Лозаноски и Зоран Михаилов. Дел од снимениот материјал се и траките „Малку светлина за нас“, снимена во студиото М2 на Македонската радио-телевизија (продуцент Коле Кимов) и Летаат (2), снимена во студиото Макотон (продуцент Владо Петровски - Картер).

Низ групата поминуваат дваесетина членови, на различни позиции во креативниот и изведувачкиот процес: гитаристи - Ѓорѓи Лозаноски, Сашо Блажевски, Александар Гумберовски, Киро Пенов), басисти - Александар Гумберовски, Саша Круниќ, Зоран Дабовски, Киро Пенов, бубњари - Горан Величков, Драги Тошев, Александар Тошев, Круме Стефановски, Венцислав Смаќоски, клавијатуристи - Елени Новаковска, Александар Колов.

Снимки на Декаденс се објавени на неколку компилациски касети и ЦД-а во и надвор од Македонија и на неколку веб-страници.