Девојка (филм од 1965)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Девојка“ — југословенски филм од 1965 година, во режија на Младомир Пуриша Ѓорѓевиќ. Главните улоги ги играат: Милена Дравиќ, Љубиша Самарџиќ, Раде Марковиќ, Мија Алексиќ и Беким Фехмиу.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејствието на филмот се одвива за време на Втората светска војна и зборува за љубовта на еден партизан и една девојка. Проследувајќи ја приказната за девојката, војникот, фотографот и германскиот офицер, во филмот се дава приказ на субјективните доживувања на војната. И покрај трагичниот крај, во кој германската војска ја стрела девојката, сепак тримуфира нејзината љубов.[1] [2]

Наводи[уреди | уреди извор]