Девојка-ѕвер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Девојка-Ѕвер! е збирка раскази од рускиот писател Едвард Лимонов, објавена во 2007 година во издание на „Темплум“, како 58. книга во рамките на едицијата „Магма“. Изборот на расказите и преводот од руски јазик е дело на Павел Попов. Оваа книга е прв превод на творештвото на Лимонов на македонски јазик, а во неа се застапени раскази од три збирки на авторот: „Девојката ѕвер“, „Вообичаените инциденти“ и „Книга на водата“.[1]

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Збирката е печатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 128 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-9989-189-06-7. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Точка“. На предната корица е наоѓа слика на Paul Cava, додека на задната корица е даден кус осврт врз книгата и попис на објавените книги во едицијата „Магма“.[2]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката содржи 12 раскази, а покрај нив, на крајот од книгата е дадена биографија на авторот. Во збирката се застапени следниве раскази:[3]

  • Девојката-ѕвер
  • Мутант
  • Тихиот Океан, Pacific Grows
  • Хадсон ривер
  • Салата „Ница“
  • Средоземно море, Ница
  • Јадранско море, Венеција
  • Дунав
  • Дождот во Москва
  • Нева
  • Енисеј
  • Морнарчето пристигна дома, треперејќи ја отвора вратата

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Едуард Лимонов, Девојка-Ѕвер! Скопје: Темплум, 2007.
  2. Едуард Лимонов, Девојка-Ѕвер! Скопје: Темплум, 2007.
  3. Едуард Лимонов, Девојка-Ѕвер! Скопје: Темплум, 2007.