Прејди на содржината

Девојката што паѓа (расказ)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Девојката што паѓа е расказ од италијанскиот писател Дино Буцати. Расказот е објавен на македонски јазик во неколку наврати: во збирката раскази на Буцати од 2005 година „Продавница на тајни“, во издание на „Ѓурѓа“ (со наслов „Девојката која пропаѓа“); во збирката раскази на Буцати од 2005 година со наслов „Девојката што паѓа“, издание на „Темплум“; во 2011 година, повторно од издавачката куќа „Темплум“, како дел од антологијата „Пат околу светот во 20 раскази“. Преводот на македонски јазик го извршиле Кристина Плечиќ и Радица Никодиновска.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Марта е девојка на 19 години, која се фрла од врвот на еден висок облакодер. Додека паѓа надолу, таа ги гледа светлините на градот, а богатите луѓе од горните катови на зградата ја поздравуваат. Кога стигнува до подолните катови, таа забележува дека околу неа паѓаат многу други девојки. Притоа, таа веќе се претворила во старица за која никој не се интересира, па дури не се слуша ниту звукот од ударот на нејзиниот пад на земјата.[1] [2] [3]

  1. Владимир Јанковски (уредник), Пат околу светот во 20 раскази: Антологија на светскиот расказ, Темплум, Скопје, 2011, стр. 38-44.
  2. Дино Буцати, Девојката што паѓа, Темплум, Скопје, 2005, стр. 66-72.
  3. Дино Буцати, Продавница на тајни, Ѓурѓа, Скопје, 2005, стр. 157-162.