Деветтиот круг (филм од 1960)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Деветтиот круг (хрватски: Deveti krug) - југословенски филм од 1960 година, во режија на Франце Штиглиц, според сценариото на Зора Дирнбах. Автор на сценографијата е Желимир Загота, снимател е Иван Маринчек, а музиката е дело на Бранимир Сакач. Главните улоги ги играат: Душица Жегарац, Борис Дворник, Бранко Татиќ, Ервина Драгман, Драган Миливојевиќ, Беба Лончар, Вера Мисита и Михајло Костиќ.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејствието на филмот се одвива во Загреб, во 1941 година. Едно еврејско семејство ги посетува своите пријатели при што Рут поскаува да преноќи. Утредента, домаќинот ја попраќа Рут до нејзиниот дом, а таму се сведоци на депортирањето на нејзиното семејство в логор. За да ја заштитат Рут, брачниот пат Војновиќ одлучуваат својот син Иво (го игра Дворник) фиктивно да го оженат со Рут (ја игра Жегарац).[1] По венчавката, Иво е незадоволен, бидејќи со него се шегуваат неговите колеги-студенти, а освен тоа, бракот му пречи да се гледа со својата девојка Магда (ја игра Лончар). Затоа, Рут се обидува да побегне, но во последен миг, таткото на Иво (го игра Татиќ) ја спасува од усташите. Тогаш, Иво го менува својот однос и се вљубува во неа, но по една немила сцена во паркот, Рут цело време седи затворена во станот. Еднаш, таа излегува надвор и усташите ја заробуваат. И покрај противењето на родителите, Иво е решен по секоја цена да ја најде Рут. Најпосле, тој влегува во концентрациониот логор, каде ја наоѓа во „деветтиот круг“, т.е. во оној дел од логорот во кој чуварите ги измачуваат девојките. Ноќта, тој и Рут се обидуваат да побегнат од логорот. Меѓутоа, Рут не може да се префрли преку оградата, па Иво останува со неа, но во тој миг, чуварите пуштаат струја во оградата.

Наводи[уреди | уреди извор]