Деветта (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Деветта (германски јазик: Die Neunte) е документарен филм режиран од Пјер-Анри Салфати. Филмот е германско-француска продукција.

Во 1824 г. за првпат е изведена 9-та синфонија од Лудвиг ван Бетовен и таа оттогаш важи за музичко наследство со кое ШилероватаОда на радоста“ станува бесмртна. Пјер-Анри Салфати во својот филм го документира настанувањето и прифаќањто на 9-та синфонија и нејзината необична убавина: како музички симбол на човечката заедница, нејзините етички намери, нејзините револуционерни идеали, но за жал и како оружје на нејзините тирани.

Со музиката на Бетовен, авторот ги отсликува трагите што ова дело ги оставило во светската историја и се обидува да одговори на прашањето како е можно луѓето без никаков морал да бидат привлечени од оваа музика на ист начин како и оние што тие ги уништуваат.