Дебарско-кичевска епархија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Macedonian cross.svg
Дебарско-кичевска епархија
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Старо Климентово училиште 02.JPG
Митрополитска резиденција
Основач МПЦ
Независност
Признавање православие
Поглавар Тимотеј
Седиште Охрид
Територија Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Македонски Брод
Власт
Јазик македонски, старословенски
Верници
Портал http://www.dke.org.mk/


Карта на епархиите во Македонија.
Митрополитот Тимотеј

Дебарско-кичевска епархијаепархија на Македонската православна црква која го опфаќа југозападниот дел на Македонија и е со седиште во градот Охрид. На чело на епархијата Неговото Високопреосвештенство митрополитот г. Тимотеј, кој ја носи титулата Митрополит Дебарско-кичевски и Плаошки.[1] Ги опфаќа градовите Охрид, Струга, Дебар, Кичево и Брод. Дебарско-кичевската епархија вкупно зафаќа 3565,1 км². Во нејзин состав се наоѓаат вкупно 14 општини, 5 градови, 262 села.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Охрид како македонски православен центар, е седиште на оваа епархија. Тука се наоѓало седиштето на древната Охридска Архиепископија, која неканонски била укината во 1767 година, но повторно возобновена како Македонска православна црква во 1967 година, на Црковно народниот собор во катедралната црква на охридските архиепископи „Света Софија“.

Со возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската православна црква, на 17 јули 1967 година, на Третиот црковно народен собор, се возобновила и древната Величка епархија со седиште во Охрид. Само после една година, на одржаниот Црковно народен собор на 17 октомври 1968 година, со одлука бр. 538, древната Величка епархија е преименувана во Дебарско-кичевска епархија, повторно со седиште во Охрид.

Митрополити[уреди | уреди извор]

  • Прв епископ Велички, а подоцна Митрополит Дебарско-кичевски бил г. Методиј (Ѓорѓи Попоски). Роден на 27 март 1914 година во Прилеп. На 27 октомври 1936 година бил ракоположен за ѓакон, а за свештеник во јули 1937 година. На 13 март 1966 година бил избран за епископ Велички, а во 1968 година бил востоличен за Митрополит Дебарско-кичевски, со која управувал до неговото упокојување на 25 февруари 1976 година.
  • Втор Митрополит Дебарско-кичевски бил г. Ангелариј (Цветко Крстески). Роден на 7 април 1911 година во село Долнени, Прилепско. 1932 година, во црквата „Свети Димитриј“ во Битола бил ракоположен за ѓакон, а за свештеник истата година во црквата „Света Богородица“, исто така, во Битола. Монашки потстриг примил во 1972 година. Во 1975 година бил хиротонисан за епископ Пелагониски, а во 1977 година бил востоличен за Митрополит Дебарско-кичевски. После изборот за Архиепископ Охридски и Македонски, на 19 август 1981 година, со Дебарско-кичевската епархија администрирал уште еден месец, до 20 септември 1981 година.

Манастири[уреди | уреди извор]

Во оваа епархија се наоѓаат следниве познати цркви и манастири:

Архерејски намесништва[уреди | уреди извор]

Епархијата е поделена на четири архиерејски намесништва, и тоа: Охридско, Струшко, Кичевско, Бродско и Дебарско.

Охридско[уреди | уреди извор]

Охридското архиерејско намесништво е поделено на следниве парохии:

  1. Прва охридска парохија
  2. Втора охридска парохија
  3. Трета охридска парохија
  4. Четврта охридска парохија
  5. Петта охридска парохија
  6. Шеста охридска парохија
  7. Седма охридска парохија
  8. Осма охридска парохија
  9. Деветта охридска парохија
  10. Белчишка парохија
  11. Велгошка парохија
  12. Велмејска парохија
  13. Коселска парохија
  14. Мешеишка парохија
  15. Пештанска парохија
  16. Слатинска парохија
  17. Требенишка парохија

Струшко[уреди | уреди извор]

Струшкото архиерејско намесништво е поделено на следниве парохии:

  1. Прва струшка парохија
  2. Втора струшка парохија
  3. Трета струшка парохија
  4. Четврта струшка парохија (Драслајчка)
  5. Вевчанска парохија
  6. Ложанска парохија

Кичевско[уреди | уреди извор]

Кичевското архиерејско намесништво е поделено на следниве парохии:

  1. Прва кичевска парохија
  2. Втора кичевска парохија
  3. Трета кичевска парохија
  4. Четврта кичевска парохија

Дебарско[уреди | уреди извор]

Дебарското архиерејско намесништво се состои само од Дебарско-реканската парохија

Бродско[уреди | уреди извор]

Бродското архиерејско намесништво е поделено на следниве парохии:

  1. Бродска парохија
  2. Манастиречка парохија
  3. Русјачка парохија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Митрополит Дебарско-кичевски и Плаошки, г. Тимотеј“ (на македонски). Премин. http://preminportal.com.mk/content/category/22/108/161/. конс. 1 септември 2012 г. 
  2. Дебарско-кичевска епархија. mpc.org.mk

Надворешни врски[уреди | уреди извор]