Дебарски земјотрес (1967)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дебарски земјотрес (1967)
Карта
Епицентар на земјотресот.
Датум 30 ноември 1967
Време 07:23:52 CET
Магнитуда 6,7 ML
Длабочина 20 км
Епицентар близу Гиновец (Голо Брдо, 41°23′10″N 20°31′55″E / 41.386° СГШ; 20.532° ИГД / 41.386; 20.532)
Зафатени земји/подрачја НСР Албанија, НР Македонија СР Македонија
Жртви 19 загинати, 214 повредени

Дебарски земјотрес од 1967 година — природна катастрофа која го погодила градот Дебар, изутрината на 30 ноември 1967 година.[1] Од низата земјотреси најразорниот од нив се случил во 07:23 часот.[2]

Сеизмичност на областа[уреди | уреди извор]

Дебарското епицентрално подрачје има голема сеизмичност, што може да се забележи од големиот број на случени земјотреси во периодот 1900-2016 година. На ова подрачје често се случуваат слаби земјотреси со магнитуда ML <3 и ретка појава на умерени до силни, како што бил случајот во 1967 година.[2]

Епицентар[уреди | уреди извор]

Епицентарот на земјотресот бил на територијата на тогашна НСР Албанија, во областа Голо Брдо. Серија натамошни потреси продолжиле до април 1968 година.[1]

Последици[уреди | уреди извор]

Земјотресот предизвикал материјални штети во 41 населено место во Македонија и 177 населени места во Албанија (во подрачјето на Пешкопеја и Либражд), со 7 загинати лица во Македонија, 12 загинати лица во Албанија и вкупно 214 ранети.[1]

Во Албанија биле оштетени 6.536 згради, 534 биле урнати до темел, а 1.623 имале тешко оштетување. Во селата Клење, Острени, Луник, Макелара, Себисхит, Ланде, Превала и Лејкан уништени или оштетени биле 75-90 % од куќите.[2]

Во Македонија, штети од случениот земјотрес се забележани на 41 место, со околу 17.600 жители. Околу 55 % од вкупниот број штети отпаѓа на станбениот фонд.[2]

Од главниот удар на земјотресот најтешко бил погоден градот Дебар со околината. Во градот 30% од објектите биле тешко оштетени или срушени, 50% претрпеле оштетувања што дозволуваат санација и 20% останале неоштетени или претрпеле незначителни оштетувања, кои лесно можеле да се отстранат со релативни мали градежни зафати.[2]

Во напорите да не се предизвика поголема катастрофа при исклучувањето на струјата од главната трафостаница, животот го загубил Шуип Кобеци, татко на две малолетни деца.

Обнова[уреди | уреди извор]

Со помошта што доаѓаше од сите делови на тогашна СФРЈ и од Меѓународниот Црвен крст, последиците биле санирани. Во знак на солидарност, скопјани на Дебар му го подарија и Општествениот дом „Скопје“.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Дебарски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 435. Text "series " ignored (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Порта3 (2018-02-07). „Земјотрес во зона со највисока сеизмичност во земјава – Дебар 1967 година“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2022-12-06.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]