Дебарска каза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Vk kaza41.jpg

Дебарска каза била помала административна единица во Отоманското Царство. Била дел од Дебарскиот санџак и Битолскиот вилает. Центарот на казата бил во Дебар. Во состав на казата имало вкупно 109 села и градот Дебар.[1] Во казата живееле Албанци, Турци, Роми, Македонци муслимани и христијани кои во поголем број биле егзархисти.[1]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К'нчов од 1900 година, во Дебарската каза живееле 53 505 жители, од кои:

народ вкупен број % од вкупното население
Албанци 23.695 44,28
Македонци / хрис. 15.438 28,85
Македонци / мусл. 10.292 19,23
Турци 3.380 6,31
Роми 700 1,30

Наводи[уреди | уреди извор]