Двоен Лак

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Двојна Арка)
Прејди на: содржини, барај
Кон Двојниот Лак

Двоен Лак (англиски: Double Arch) — познат споменик на природата во облик на пар природни лаци (природни мостови)—едно од најимпресивните атракции во националниот парк Лаци во Јута, САД. До лаците се стигнува со кратко пешачење (околу 200 м) од паркиралиштето. На нив нема огради и гелендери и посетителите слободно можат да одат под лаците или да разгледуваат шетајќи низ нив.

На ова место е снимана почетната свена на филмот „Индијана Џонс и последниот крстоносен поход“, во која лаците накратко се појавуваат. Меѓутоа пештерата прикажана на филмот не постои.

Двоен Лак е создадена на поинаков начин од останатите лаци во паркот. Таа се образувала со водена ерозија од горе, а не од страна, што е потипично.