Двостих

Од Википедија — слободната енциклопедија

Двостих или дистих[1] (старогрчки: δίστιχον) или куплет (француски: couplet) — книжевен поим што значи строфа составена од два стиха.[2] Најчесто двата стиха се римуваат (со машка, женска или дактилна рима). Двостихот изразува релативно целосна мисла. Можни се и двостихови, во кои стиховите не се римуваат еден со друг, туку со соседната строфа, но ова е практично варијанта на катренот.

Во старогрчката и римската поезија се користел елегискиот стих - посебен вид двостих, во кој првиот стих е напишан со хексаметар (шест стапки), а вториот - со пентаметар (пет стапки). Се јавува во пишување елегии, епитафи и епиграми. Слого-тоничниот стих доведува до промени: на местото на долгите слогови тие се ставаат нагласени, а на местото на кратките - ненагласени. Двостихот се среќава во поезијата на сите народи.

Во европската поезија, елегискиот стих го користат Гете, Шилер, Пушкин и многу други. Двостихот е особено погоден за минијатурни литературни жанрови (епиграми, афоризми, епитафи). Се користи и во наративна, реминисцентна и рационална поезија.

Примери[уреди | уреди извор]

  • Македонска народна песна „Вино пијам ем ракија“:
Вино пијам, ем ракија
Коња јавам, аџамија.
Коњ ме шета горе-доле,
Горе-доле низ тоа поле.
Ме однесе в ладна меана,
Во меана до три моми.
Прва точи, другата носи,
А третата мене ме гледа.
Па ја качив на коњчето,
Ја однесов право дома.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „дистих“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „Композиција на песните“. Македонски јазик. Посетено на 22 јануари 2022.