Дворец (филм од 1997)
Изглед
„Дворец“ или „Замок“(германски: Das Schloss) — австрискo-германски филм од 1997 година во режија на Михаел Ханеке (Michael Haneke), кој е автор и на сценариото, засновано врз истоимениот роман на Франц Кафка. Главните улоги ги играат: Урлих Михе (Ulrich Mühe), Сузане Лотар (Susanne Lothar) и Николаус Парила (Nikolaus Paryla).
Синопсис
[уреди | уреди извор]Геодетот К. (го игра Михе) пристигнува во едно мало село во кое се наоѓа дворец. Меѓутоа, локалната власт му го забранува влезот во дворецот. Додека се обидува да ги убеди надлежните службеници дека е повикан на работа во дворецот, тој се соочува со неразбирливи и сложени бирократски пречки...[1]