Дворец на Големите Војводи на Литванија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дворец на Големите Војводи на Литванија
литвански: Lietuvos Didžiosios Kunigaikštystės valdovų rūmai Vilniaus žemutinėje pilyje
полски: Zamek Dolny w Wilnie
Palace of the Grand Dukes of Lithuania 2019 2.jpg
Поглед кон обновениот дворец
Општи податоци
Стилренесанса, готика, барок
ГрадВилнус
Земја Литванија
КоординатиКоординати: 54°41′09″N 25°17′22″E / 54.68583° СГШ; 25.28944° ИГД / 54.68583; 25.28944
Почната15 век
2002
Завршенаво изградба
Урната1801
НарачателВлада на Литванија
Проектирање и изградба
АрхитектБартоломео Беречи
Римас Григас

Дворецот на Големите Војводи на Литванија[1] (литвански: Lietuvos Didžiosios Kunigaikštystės valdovų rūmai Vilniaus žemutinėje pilyje; полски: Zamek Dolny w Wilnie) — дворец кој се наоѓа во Вилнус, Литванија. Првично бил изграден во XV век за владетелите на Големото Литванско Војвоство и на идните кралеви на Полска. Дворецот, кој се наоѓа во долниот замок на Вилнус, еволуирал со текот на годините и напредувал во текот на 16 и средината на 17 век кога во голема мера бил проширен. Четири века дворецот претставувал политички, административен и културен центар на Полско-литванската Заедница. Дворецот бил срушен во 1801 година, додека обновата на нова палата започнала во 2002 година на местото на оригиналната зграда и се уште е во тек нејзиното целосно обновување.

Историја[уреди | уреди извор]

Урнатините на палатата, кон крајот на 18 век

Големото Војводство Литванија[уреди | уреди извор]

Во 13 и 14 век постоеле камени структури во рамките на дворецот. Некои археолози веруваат дека во минатото постоела и дрвена палата на истото место. Камената палата била изградена во 15 век, очигледно по големиот пожар во 1419 година, но постојните камени градби и одбранбени структури на долниот замок се распаднале и тоа ја блокирало понатамошната изградбата. Дворецот бил изграден во готски стил. Изградбата на горниот замок, како и дворецот, требало да биде готово за крунисувањето на Витолд. Готичката палата имала три спрата, односно објектот претставувал двокатна зграда со подрум[2].

Големиот војвода Александар Јагелон, кој подоцна станал крал на Полска, го преселил своето живеалиште во дворецот, каде што се среќавал со амбасадорите. Тој наредил и негово реновирање. По неговиот брак со ќерката на московскиот голем кнез Иван III, кралската двојка живеела и умрела во објектот.

Сигизмунд I Стариот, по неговото качување на големиот војводски престол, ги водел работите од дворецот како и од Вилнушката катедрала. За време на владеењето на Сигизмунд, двоецот бил многу проширен за да ги задоволи новите потреби на големиот војвода. Така, во тој период било додадено уште едно крило, како и трет кат, а градините биле проширени. Според современите извештаи, палатата вредела 100.000 дукати[3]. Планот за реконструкција на дворецот најверојатно бил подготвен од италијанскиот архитект Бартоломео Беречи, кој исто така дизајнирал неколку други проекти во Кралство Полска. Во оваа палата Сигисмунд го примил емисарот од Светото Римско Царство, кој во 1517 година го запознал Сигизмунд со Бона Сфорца, неговата втора сопруга.

?Неговиот син Сигисмунд II Август бил крунисан за Големи војвода од Литванија во овој дворец. Сигизмунд II продолжил со развојот и живеел таму со својата прва сопруга Елизабета Австриска, ќерка на Светиот римски цар Фердинанд I[4]. Втората сопруга на Сигисмунд II, Барбара Раџивил, исто така живеела во дворецот. Според современите извештаи на емисарот на Светата столица, дворецот во тоа време содржел повеќе богатства од Ватикан[5]. Сигизмунд II, исто така, составил една од најголемите збирки книги во Европа токму во овој дворец[5].

Престолната соба на Големите војводи на Литванија, а подоцна и на полските кралеви

]

Палатата била ремоделирана во стилот на ренесансата во 16 век. Планот го подготвиле неколку италијански архитекти, меѓу кои и Џовани Чини да Сиена, Бернардино де Џанитис Заноби и други. Дворецот бил посетен од Иполито Алдобрандини, кој подоцна станал папа Климент VIII. Уште еден голем проект се одржал за време на владеењето на династијата Васа. Дворецот бил реновиран во ран барокен стил за време на владеењето на Сигисмунд III Васа. Матео Кастело, Џакопо Тенкала и други уметници учествувале во реновирањето во 17 век.

За време на владеењето на Васа, неколку значајни церемонии се одржале, вклучувајќи ја и свадбата на војводата Јован, кој подоцна станал цар Јован III Шведски и сестра на Сигисмунд, Катерина. Првата опера во Литванија била изведена во палатата во 1634 година[6]. Марко Скачи и Вирџилио Пучители биле импресари на опери.

Соба во палатата

По руската инвазија во 1655 година, државата започнала да слабее, а тоа исто така влијаело и на замокот. Во август 1655 година, Вилнус бил окупиран од армијата на московската војска. Полската војска го повратила градот шест години подоцна, период до кога дворецот бил уништен од пожар. Дворецот беш многу оштетен и неговите богатства биле ограбени. По повторното освојување на градот Вилнус во 1660-1661, дворецот повеќе не бил погоден за престој на војводите, и останал напуштен за околу 150 години. Во доцниот 18 век, по падот на Полско-литванската заедница, неколку семејства живееле во делови од руинираната палата. Наскоро откако Големото Војводство Литванија било инкорпорирано во Царство Русија, властите наредиле уривање на преостанатите делови од палатата. Структурата речиси целосно била срушена во 1801 година, а тулите и камењата биле продадени.

По уривањето на палатата[уреди | уреди извор]

Само мал дел од ѕидовите до вториот кат во источното крило преживеале, и истиот биле продадени на еврејскиот трговец Аврам Шлосберг во околу 1800 година, кој ја користел како своја куќа. По Ноемвриското востание од 1831 година, царската администрација го протерала Шлосберг и ја презела зградата. Како што била изградена Вилнушката тврдина, зградата станала дел од тврдината, која сама по себе била опкружена со ров. Куќата на Шлосберг во 1840 година била претворена во касарна. До крајот на 19 век, тврдината веќе била покриена со земја и се претворила во градски парк.

Откако Литванија ја обновила својата независност по Првата светска војна во 1918 година, куќата на Шлосберг станала седиште на армијата. Наскоро била окупирана од полските војници по полската анексија на Вилнус. Во текот на Втората светска војна, објектот се користел како канцеларија на германскиот Вермахт, а по Втората светска војна, се користила и од страна на советските безбедносни структури, а подоцна била претворена во Пионерска палата. Организацијата на пионерите ја напуштила зградата до 1987 година, а археолошките ископувања започнале на местото каде што била куќата на Шлосберг.

Изградба[уреди | уреди извор]

По падот на Железната завеса во 1989 година, Литванија повторно станала независна. Во 1994 година археолошките ископувања биле ставени на чекање поради недостаток на финансиски средства. Во 1994 година Литванскиот институт за историја ја основал истражната група на замоци што ги надгледувала археолошките ископувања. Куќата на Шлосберг била користена како седиште на Групацијата и овде била сместена колекција на археолошки материјали пронајдени на местото.

До крајот на 1980-тите археолошките ископувања опфатиле сè поголема територија, но изложеноста на ископаните подруми довело до распаѓање на материјалите (особено дрвени структури и тули). За да се реши овој проблем, во 1988 година било одлучено да се подигнат привремени објекти. До почетокот на 1990-тите три опции за иднината на дворецот биле присутни во јавноста. Првата опција била покривање на ископаните подруми на дворецот со земја, но тоа не се сметало за економична опција. Втората опција била да се подигне наменска зграда на местото на дворецот за да се зачуваат урнатините, но противниците на оваа опција забележале можно визуелно загадување и загрозување на стариот дел на Вилнус (вклучен во Списокот на светското наследство на УНЕСКО во 1994 година). Третата опција била изградба на зграда слична на оригиналната зграда. Последна опција добила најмногу внимание од политичарите и нејзините подржувачи лобиралеод претседателот на Литванија. Во 1993 година се одржал натпревар за архитектонски дизајн, а од седум проекти победил оној на Римас Григас[7][8].

Римас Григас го освоил дизајнот за новиот дворец во 2004 година

До половината од деведесеттите години, во иднина се зголемила функцијата на палатата. Првично, палатата била предложена како идна Претседателска палата, но уметничката палата била користена за таа функција. До крајот на деценијата, Казис Наполеонас предложил да се користи палатата како Национална галерија на уметност.

Како дел од програмата за градење на нацијата, парламентот во 2000 година донел закон за реконструкција на дворецот. Теренот започнал со подготовка во летото 2002 година, во јужниот дел од местото на оригиналната зграда. До 2002-2004 и 2005-2006 година проектот на дворецот бил променет главно поради археолошките наоди пронајдени на местото и поради појавените дискусии за куќата на Шлосберг и нејзината архитектонска вредност. Фрагментите на куќата на Шлосберг станале дел од источното крило на обновениот дворец[9]. Зградата (и музејот кој бил планиран да ја поседува зградата) била делумно отворена за време на милениумското прославување од името на Литванија во летото 2009 година, иако сè уште не бил целосно завршен поради недостиг на средства. До крајот на јули 2009 година продолжиле градежните работи и зградата повторно станала непристапна за јавноста.

Јужните крило на дворот во 2006 година

Неколку историчари кои биле против реконструкцијата тврделе дека новоизградената палата ќе го уништи урбаниот пејзаж формиран во текот на последните 300 години. Самата катедрала ќе биде засенета од палатата, а кулата на Гедиминас нема да биде видлива од страната на катедралата. Исто така, било забележано дека се користат материјали и технологии непознати за време на оригиналната конструкција. Исто така, реконструкцијата била финансирана од државата, додека многу автентични историски градби се во критична состојба[10].

На 6 јули 2013 година, делот од палатата познат како Блок А бил официјално отворен за јавноста, 760 години по крунисувањето на Миндовг[11]. Од 2014 година дел од палатата познат како блок Б е во изградба.

Претседателство на Советот на Европската Унија[уреди | уреди извор]

За време на претседателствувањето на Литванија со Советот на Европската унија, палатата била искористена како една од главните места за состаноци на шефовите на европските земји. На 28 ноември 2013 година, за време на Самитот за Источно партнерство во Вилнус, во палатата се одржала вечера со многу гости, меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел, британскиот премиер Дејвид Камерон, Францускиот претседател Франсоа Оланд, полскиот претседател Бронислав Коморовски, претседателот на Европската унија, Херман Ван Ромпуј, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, потпретседателот на Европската комисија и високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, Кетрин Ештон, комесарот за проширување и европска соседска политика, Штефан Филе, комесарот за трговија, Карел де Гухт, претседателите на Латвија, Кипар, Романија и Словачка, премиерите на Чешка, Данска, Естонија, Грција, Италија, Хрватска, Луксембург, Малта, Холандија, Португалија, Словенија, Шведска, Унгарија и Шпанија, како и други високи функционери.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://v1.valdovurumai.lt
  2. Napaleonas Kitkauskas (2004). „Italy in Lithuania.“ (Lithuanian). конс. 2007-01-21. 
  3. Jovaiša, Eugenijus (2003) (на lt). Lietuvos istorijos vadovėlis/Vilniaus pilys. Vilnius. ISBN 9986-9216-9-4. 
  4. Lietuvos Dailės muziejus. „Arkikatedros požemiai“ (Lithuanian). Архивирано од изворникот на 7 January 2007. конс. 2007-01-21. 
  5. 5,0 5,1 Lithuanian Art Museum. (1997). „Lithuanian Ducal Palace“ (Lithuanian). Архивирано од изворникот на 5 December 2006. конс. 2007-01-21. 
  6. Valdovų Rūmų paramos fondas (2002). „Lietuvos Valdovų Rūmai“ (Lithuanian). конс. 2007-01-21. 
  7. http://www.valdovurumai.lt/rumu-istorija/istorine-raida#.WrfMvtTFLDc
  8. https://www.menasirjega.lt/koncepcijos/valdovu-rumu-atstatymo-konkursinis-projektas-ii-vieta/
  9. (литвански) Liucija Abromaitė. Pionierių rūmai koreguoja Valdovų rūmų viziją (Palace of Pioneers corrects vision of Royal Palace). Lietuvos žinios, No. 165 (11502), 22 July 2006
  10. (литвански) Audrius Bačiulis. Valdovų rūmai prieš Sapiegų rūmus (Royal Palace versus Sapiegos Palace) Архивирано 13 March 2007 во Wayback Machine. , Veidas, 2005.04.21 – No. 16
  11. Past became reality – Palace of the Grand Dukes of Lithuania is officially opened (литвански)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]