Дворец Шандор

Координати: 47°29′52″N 19°02′16″E / 47.4978° СГШ; 19.0378° ИГД / 47.4978; 19.0378
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дворец Шандор
Дворец Шандор
Карта
Општи податоци
Стилнеокласицизам
МестоБудимпешта, Унгарија
Координати47°29′52″N 19°02′16″E / 47.4978° СГШ; 19.0378° ИГД / 47.4978; 19.0378
Почнатаоколу 1803
Проектирање и изградба
АрхитектМихај Полак

Дворецот Шандор(унгарски: Sándor-palota) — дворец кој се наоѓа во Будимпешта, Унгарија.

Дворецот е официјалната резиденција на Претседателот на Унгарија, и седиштето на кабинетот на претседателот, и како седиште функционира од 2003 година. Дворецот Шандор е 37-та најголема палата во денешна Унгарија.

Палатата се наоѓа на плоштадот Св. Ѓорѓи во Будим, веднаш северно од комплексот Буда, кој бил поранешна резиденција на кралевите и гувернерите на Унгарија.

Историја[уреди | уреди извор]

19 век[уреди | уреди извор]

Американскиот претседател Џорџ В. Буш со неговиот унгарски колега Ласло Шојом

Оригиналната палата во неокласичен стил со изградба започнала околу 1803 година, а завршила околу 1806 година. Грофот Винсент Шандор наредил да биде изграден дворецот, според кој е и именуван. Грофот бил филозоф и аристократ во Австроунгарија. Неговиот син Морик Шандор бил попознат во Будимпешта и Виена, како акробатски играч.

Потоа дворецот му припаднал на надвојводата Албрехт, царски гувернер на Унгарија, до неуспешната Унгарска револуција од 1848 година. Потоа палатата и нејзините соседни згради биле користени како владини канцеларии.

Премиери[уреди | уреди извор]

Најпрестижниот станар во дворецот бил унгарскиот премиер Ѓула Андраши, кој во 1867 година го доделил за унгарската влада од семејството Палавицини. Подоцна тој добил и сопственост над палатата како свој имот[1].

Андраши ја реновирал зградата, која во тоа време имала голема потреба од реконструкција, со помош на архитект Миклош Ибл. Тој го реновирал приземјето и го користел како негова канцеларија, додека првиот кат станал негова резиденција.

Во палатата живееле деветнаесет унгарски премиери, при што секој објект се адаптирал по сопствен вкус[2].

Уништување во Втората светска војна[уреди | уреди извор]

Откако Унгарија станала независна во 1919 година, дворецот продолжил да биде дом на премиерот до Втората светска војна. Во 1941 година, за време на војната, Пал Телеки извршил самоубиство во палатата.

Помалку од четири години подоцна, сојузничките авиони го бомбардирале регионот, а зградата останала во урнатини. Иако урнатините не станале жртва на булдожерите, дворецот останал запоставен до Револуциите од 1989 година.

Реставрација[уреди | уреди извор]

По промената од комунистичкиот политички систем во Унгарија во 1989 година, и благодарение на еден посветен тим на реставрација, покривот бил подигнат над урнатините и ѕидовите биле изградени. Со текот на годините, дворецот постепено бил изграден и неговата слава му била вратена, а самиот ентериер бил реновиран во 2002 година. Поголемиот дел од мебелот и предметите се копии на оригиналите што биле уништени[1].

Реставрацијата била спроведена врз основа на оригиналните планови, обновени во 1983 година и деталната историја според современите мапи.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „A short history of the Sándor Palace“. www.solyomlaszlo.hu. Архивирано од изворникот на 2018-09-30. Посетено на 29 March 2013.
  2. „The History of the Sándor Palace“. keh.hu. Посетено на 25 March 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]