Двобој (Чехов)
| Автор | Антон Павлович Чехов |
|---|---|
| Изворен наслов | Дуэль |
| Земја | Русија |
| Јазик | руски |
| Жанр | повест |
| Издавач | Новоје времја |
Издадена | 1891 |
| Медиум | печатено (мек и тврд повез) |
Дуел (руски: Дуэль (руски: Новое время) — повест на Антон Павлович Чехов, првпат објавен во 1891 година во весникот Новоје времја („Нови времиња“). [1]
Резиме
[уреди | уреди извор]Средишните ликови на повеста се Надежда Фјодоровна и државниот службеник Иван Лаевски, љубовници кои бегаат од Санкт Петербург во Абхазија во Јужен Кавказ. Таму се населуваат во мал град, каде што брзо се открива дека Надежда е мажена за друг маж. Тие не се добро прифатени во градот, каде што моралот и општествените вредности се на прво место, а за нивната непопуларност во голема мера придонесува и фалбаџискиот Лаевски, кој позајмува пари од познаници во градот. Тој не ги плаќа редовно долговите и постојано се врти во круг на лаги. Покрај тоа, неговата љубов кон Надежда се лади, а таа наоѓа уште двајца кавалери кои се натпреваруваат за нејзината наклонетост. Сопругот на Надежда починал во Санкт Петербург, а Надежда не сака да се премажи по неговата смрт. Лаевски особено го нервира зоологот Николај фон Корен, кој го споредува Лаевски со бацил што треба да се отстрани. Расправијата продолжува сè додека мажите не се предизвикаат еден со друг на двобој.
Пред двобојот, Лаевски одлучува да не пука во Фон Корен и намерно промашува. Фон Корен, пак, имал намера да го убие Лаевски, но бил расеан од еден свештеник пред истрелот, што предизвикало неговиот истрел да промаши. Така, твобојот завршил без крвопролевање и длабоко ги променил животите на Лаевски и Надежда. Лаевски повторно се заљубува во Надежда, со која подоцна се жени, а пред да го напушти градот, Фон Корен му признава на Лаевски дека во својот променет облик е пријатен човек кој би можел да му биде пријател.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Makanowitzky, Barbara (1971). Anton Chekhov: Seven Short Novels; Introduction. W. W. Norton & Company. стр. 10–11. ISBN 0393005526. Посетено на June 24, 2012.