Движење за права и слободи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
ДПС
ДПС
ВодачМустафа Карадаја
Основана4 јануари 1990 (1990-01-04)
ШтабСофија
Членови  (2016) 66,000 [1]
ИдеологијаЦентризам
Либерализам
Турски интереси
Политичка положбацентар, центар-лево
Меѓународна припадностЛибералски интернационал
Европска припадностСојуз на либералите и демократите за Европа
Европски парламентСојуз на либералите и демократите за Европа
БоиСино, бело
Народно собрание
30 / 240
Европски парламент
4 / 17
Мрежно место
http://www.dps.bg/
Политика на Бугарија
Политички партии
Избори

Движењето за права и слободи (турски: Hak ve Özgürlükler Hareketi) е центристичката политичка партија во Бугарија која често се опишува како партија на етничките Турци. Движењето за права и слободи (ДПС) се смета за Либерална партија и е член на Либералната интернационала. Од основањето на партијата (на 4 јануари 1990) нејзин претседател е Ахмед Доган.

Ахмед Демир Доган - Претседател на Движењето на права и слободи.

Историја[уреди | уреди извор]

1985–1989[уреди | уреди извор]

Партијата почнала како илегална организација во 1980-тите со името Турски Национално движење за слобода (Türk Millî Kurtuluş Hareketi) како одговор на Тодор Живков политиката на присилна бугаризација на турската малцинство во земјата.

Учество на избори[уреди | уреди извор]

Движењето за права и слободи на изборите во 2001 година освоило 7,5% од гласовите и 21 пратеничко место (од вкупно 240 места) во бугарското собрание. ДПС подоцна се приклучи на владата предводена од поранешниот бугарски цар Симеон Сакскобургготски.

Освоени гласови на ДПС според региони на парламентарните избори во 2005 година.

На парламентарните избори во 2005 година, како резултат на водената политика партијата, значително го зголемува освоениот број на гласови. Таа освојува 13,7% од гласовите и вкупно 33 пратенички места. Сега стануваат дел од властта и претставуваат трет по сила политички субјект во владеачката коалиција.

На изборите за Европскиот парламент во 2007 година партија освоила 20,26% од гласовите и 4 од вкупно 18 пратеници. За одбележување е тоа што двајца од членовите на Европскиот парламент (Мариела Баева и Владко Панајотов) се етнички Бугари.

На парламентарните избори одржани во 2009 година ДСП освоила 14,5% од гласовите и вкупно 38 пратенички место што до сега, за оваа партија, претставува рекорд. Во новиот состав на парламентот оваа партија повторно поединечно претставува трета најголема партија со само две пратенички места помалку од Коалицијата за Бугарија (предводена од Социјалистичката партија на Бугарија).

Други политички субјекти кои ги преферира турското малцинство во Бугарија[уреди | уреди извор]

Во моментов во Бугарија постојат и три други помали т.н. турски политички партии кои претставуваа конкуренција на ДПС. Овие партии кои заедно ја претставуваат Балканската демократската лига се: Движење на демократско крило (ДДК), предводено од Осман Октај, Партијата за демократија и правда (ПДП), предводена од Недим Генчев и на Сојузот на Бугарски Турци (СБТ) предводен од Seyhan Türkkan.[2]

Сепак, овие партии немаат свои претставници во бугарското собрание, а во 2005 година ДПС стана третата политичка сила во Бугарскиот парламент и претставуваше дел од трипартитната коалиција која ја формира тогашната влада.

Контроверзи[уреди | уреди извор]

Етнички карактер[уреди | уреди извор]

На 8 октомври 1991, деведесет и тројца членови на Народното собрание на Бугарија - скоро сите на некаков начин поврзани со поранешната Комунистичка партија на Бугарија побарале од Уставниот суд да ја прогласи оваа партија за неуставна затоа што била формирана врз етничка основа.[3] Но, на 21 април 1992, Уставниот судот ја потврдил уставноста на ДПС.[4]

И покрај тоа што ДПС е легитимен субјект на бугарската политичка сцена некои Бугарски ултра-националисти, особено членови на екстремно десната Атака, продолжуваат да тврдат дека оваа партија е противуставна, бидејќи таа се состои главно од етнички Турци.

Сепак, во статутот на ДПС сосема јасно се вели дека партијата е независна јавна и политичка организација, основана со цел да придонесе за единство на сите бугарски државјани.[5]

Од друга страна, симпатизерите на ДПС сметаат дека забраната за формирање на партии врз основа на нивниот етнички состав претставува пример на етничка дискриминација и е во спротивност со европското законодавство и со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства кои Бугарија е должна да ги почитува. Сепак, и покрај уставната забрана, религиозни партии во Бугарија постојат. Како на пример може да се спомне Бугарската христијанска коалиција која учествувала на парламентарните избори во 1997 година, и повторно во 2005 година, без при тоа да се реагира за непочитување на уставот на државата.

Неодамна, Антонина Желиазкова, раководител на Центарот за меѓуетничките односи во Софија, за Ахмед Доган вели дека Тој напорно работи за да се отвори партијата за сите граѓани и ги охрабрува симпатизерите на ДПС да гласаат за неетнички партии.[2]

Наводната манипулација при гласањето[уреди | уреди извор]

ДПС била жестоко критикуван од страна на бугарската ултра-националистичка партија Атака, од поголемите десни партии па дури и од коалиционите партнери, за наводно манипулирање со гласање на изборите во јуни 2005 година. во некои места од носат бугарски државјани од турско потекло, кои живеат во Турција за да гласаат на избори.[се бара извор] Меѓутоа, обвинувањата упатени кон етничките Турци, кои доаѓаат за да гласаат во Бугарија во местата на кои имаат постојана адреса на живеење (и потоа се враќа во Турција) не можело да биде ниту проверено ниту потврдено од страна на меѓународните набљудувачи, чија процена на изборите била дека биле слободни и фер избори.[6]

Меѓународните набљудувачи всушност повеќе внимание обратиле на тоа дека „ограничувањето на употребата на малцинските јазици може да се смета како пречка за целосно политичко учество од страна на припадниците на малцинските заедници“ и на „едностраното водената кампања од страна на владата за зголемување на излезноста“ на етничките Бугари.[6]

Избори 2009 - блокирање на бугарско-турската граниица[уреди | уреди извор]

Во текот на парламентарните избори во 2009 година за да се спречи гласањето на околу 100.000 бугарски Турци во огранизација на ВМРО-БНД бил блокиран граничниот премин Генералово.[7] [8] Овие луѓе биле протерани во доцните осумдесетти, а денес со оглед на своето потекло поседуваат и бугарски пасош.

Либералната партија која се спротивставува на приватизација[уреди | уреди извор]

Во февруари 2005 година, ДПС се спротивстави на приватизацијата Булгартабак - најголема компанија за тутун во Бугарија. Приватизациајта била поддржана од страна на владата и од Европската унија. Спротивставувањето било со оглед на тоа што традиционално во тутунската индустрија се вработени поголем број на етнички Турци. Како резултат на настанатата ситуација тогашниот вицепремиер Лидија Шулева поднела оставка.[2]

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]