Две недели за заљубување

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Две недели за заљубување (англиски: Two Weeks Notice) е американско-австралиски филм од 2002 година, во режија на Марк Лоренс, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Хју Грант, Сандра Булок, Алиша Вит, Дејна Ајви и Роберт Клаин.

Содржина[уреди | уреди извор]

Филмот е приказна за Луси Клесон (ја игра Булок), која е извонредна, но невротична адвокатка и за нејзиниот богат и шармантен клиент Џорџ Вејд (го игра Грант). Односот на Џорџ кон Луси повеќе наликува на однос кон дадилка, отколку на однос кон адвокатка. И покрај одличната заработка, Луси решава да го напушти Џорџ и му дава отказ. Кога ќе сфати колку многу му значии таа, Џорџ се труди по секоја цена да ја врати Луси назад.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 868, 13.2.2015, стр. 25.