Две Марии

Од Википедија — слободната енциклопедија

Книгата „’Две Марии‘ од Славко Јаневски“ е интерпретација на површинските и на длабинските структурни елементи на романот „Две Марии“ чиј автор е еден од македонските најпродуктивни и најчитани писатели. На почетокот од оваа книга се приложени био-библиографските податоци за Славко Јаневски, а потоа се преминува на конкретната анализа на романот „Две Марии“.

Во аналитичката постапка кон романот се обработуваат сижето, описите и дејствата, менталниот сетинг кај ликовите (Никола, двете Марии, отец Симеон и други), спецификите на нараторот и други својства на ова прозно дело. Во посебно поглавје се нудат дотогашните осврти кон овој роман од страна на македонските книжевни критичари, а сосема на крајот е приложена и селективна библиографија за романот „Две Марии“

Старецот се распрашуваше за сѐ, богословот расправаше за сѐ весело наслушнувајќи се самиот себе:војната има сто очи запалени, и сто ’рбети железни, и сто усти гладни и крвави, па оди како стоногалка на нас, а господ светот го заборавил, му завртел грб - црвчиња сте вие, пијаничиња, туѓи жени задевате. Па штом е така, удрете.

„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)

Гол живот, гола челад, гола иднина.

„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)

Млак бол, распливнат во неговиот тил и некај да се впие во него како болот на осакатениот палјачо.

„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)

Книгата „Две Марии” од Славко Јаневски е роман во кој се обработуваат сижето, описите и дејствата, менталниот сетинг кај ликовите ( Никола, двете Марии, отец Симеон и други), спецификите на нараторот и други својства на ова прозно дело.

Романот “Две Марије”, е љубовна – психолошка драма чие дејство се одвива за време на Втората светска војна. Тежиштето на романот е во внатрешната трагедија на младиот хирург кој, после тоа што го напушта жена му, безнадежно тоне во алкохолизам. Он ја губи дипломата и дозволата за работа, пронаоѓа нова љубав, но алкохолот и очајот го одвлекуваат во безнадежност.