Да (бог)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Да
Симболзмија
Денчетврток
Бојабела
ПодрачјеНародот Фон од Бенин и Того
Практикантка на вуду за време на церемонија

Да — бог на редот и еден од повисоко рангираните богови кај припадниците на Јоруба. Да е најистакнат меѓу практикувачите на вуду кај народот Фон. Се верува дека Да ги комбинира машките и женските принципи - всушност, тој ја претставува идејата за таква комбинација, колку што богот Одоманкома се врзува со Онијам и Онјанкопон, во едно апсолутно, бесконечно битие. Оваа апсолутност е тројствена идеја што го претставува креативниот чин наречен Природа. Позицијата на Да е толку возвишена меѓу вуду верниците што некои свештеници се доделени да му служат исклучиво на Да. Овие свештеници, природно, се нарекуваат Да Ајидо Хведо (Првосвештеници на Да).[1]

Во вуду традицијата Думбала, богот змија, исто така се нарекува и Да. Тој е бог и на молњата. Тој и неговата сопруга Аида-Ведо честопати се прикажани како две змии кои изгледаат како виножито. Тој е носител на дожд и е неопходност за добрите земјоделски култури. Според легендите, затоа што нема говор, свирка. Негов посебен ден е четврток, а омилено дрво е бугенвилеата. Неговата боја е бела. Тој е одговорен за бел метал (сребро) и мора да се храни со бела храна и пијалак. Дава богатство и овозможува да се откријат богатствата. Думбала го држи светот и спречува да се распадне. Во вуду културата, змијата е симбол на плодноста а тој и неговата сопруга Ајида ја претставуваат човечката сексуалност. Тој е еден од најстарите предци и е толку свет што не зборува, туку се изразува преку звуци, исто како и змијата.

Ова битие потекнува од дахомејската традиција. Неговата омилена храна се јајца, пченкарно брашно, дињи, ориз, банани и грозје. Вообичаениот дар за него е кокошка и петел. Се верува дека ако брачната двојка му оддаде почит, тој ќе ги одржи среќни.[2]

Во Фон традицијата Да е духот на големата универзална змија и се нарекува Да Зоџи. Тој е моќната змија што се намотува околу Универзумот и ја држи Земјата.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • History of Religions, Evan M. Zuesse, Vol. 15, No. 2 (Nov., 1975), pp. 158–182

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]