Да се биде или не (филм од 1942)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Театарски постер за американското издание на филмот „Да се биде или да не се биде“ во 1942 година
Театарски постер за американското издание на филмот „Да се биде или да не се биде“ во 1942 година

Да се биде или не (англиски: To be or not to be) - американски филм од 1942 година, во режија на Ернст Лубич ( Ernst Lubitsch). Главните улоги ги играат: Керол Ломбард, Џек Бени и Стенли Риџис. Филмот имал една номинација за „Оскар“, а во 1996 година бил зачуван во Националниот филмски регистер на САД.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се случува во Втората светска војна. Професорот Силецки (го игра Риџис) се префрла од Лондон во Полска при што на познатата глумица Марија Тура (ја игра Ломбард) треба да и пренесе порака од млад полски офицер. Кога доаѓа во Варшава, тој се запознава со глумицата, која му се допаѓа на прв поглед. Професорот е соработник на Гестапо и се обидува да ја наговори глумицата да стане шпион. Меѓутоа, полското движење на отпорот дознава за неговото доаѓање и го убива. Сопругот на глумицата, Јозеф (го игра Бени), се преправа во германски офицер, а по убиството на професорот го зема неговиот идентитет. Гестапо го открива трупот на убиениот професор, но глумецот успева да се извлече во последен миг. Кога во Варшава пристигнува Хитлер, активистите од движењето на отпорот ја спасуваат глумицата и сите заедно се префрлаат во Англија, каде глумецот ја остварува својата најголема желба – да го глуми Хамлет.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]