Да зборуваме: македонско-англиско-француски речник
| Автор | Славомир Маринковиќ |
|---|---|
| Земја | |
| Јазик | македонски |
| Жанр | илустриран македонско-англиско-француски речник |
| Издавач | „Детска радост“ |
Издадена | 1991 г. во Скопје |
| Страници | 96 |
Да зборуваме: македонско-англиско-француски — илустриран македонско-англиско-француски речник за млади. Автор на речникот е Славомир Маринковиќ, а го издала издавачката куќа Детска радост во 1991 година како дел од Библиотеката „Видра“, издание „Македонски илустрирани речници“.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Вкупната речничка материја во речникот е поделена според области замислени да понудат едно глобално опфаќање на човековиот живот (англиски: life, француски: vie) и на голем број негови активности. Се почнува со положбата на човекот во вселената и на планетата (астрономија, географија), потоа се преминува на неговата непосредна околина (клима, растителен свет, животинско царство, архитектура) и се доаѓа до неговото живеалиште – станот: дневна, спална, бања, кујна, апарати. Понатаму обработени се храната, здравјето, образованието, модата и струките како самиот човек (семејство, тело, глава, органи). Комуникациите меѓу луѓето се претставени преку сообраќајот, броевите, општите и научните симболи, печатот, телевизијата, туризмот и стрипски предадениот бонтон. Се заокружува со уметностите (книжевност, драма, опера, балет, сликарство, вајарство, музика, филм) и шахот и спортот каде се претставени популарни и пошироко застапени спортови кај нас и во светот (англиски: world, француски: monde).[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Маринковиќ, Славомир (1991). Да зборуваме: македонско-англиско-француски. Скопје: Детска радост. стр. 96.
|access-date=бара|url=(help)