Да живее Мексико (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Да живее Мексико (шпански: ¡Que viva México!, руски: Да здравствует Мексика!) - советски филм во режија на Сергеј Ејзенштајн. Главните улоги ги играат: Сергеј Бондарчук и Григориј Александров. Филмот започнал да се снима во 1930 година, но не бил завршен, а подоцна бил реконструиран и прикажан дури во 1979 година. Како светски познат автор, Ејзенштајн емигрирал во САД, но откако не успеал да реализира некои свои проекти во Холивуд, тој заминал во Мексико, каде започнал да го снима овој филм, замислен како сага за мексиканската историја и култура. Подоцна, по налог на Сталин, поголемиот дел од снимениот материјал бил уништен.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]