Дајхбранд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Логото на фестивалот

Дајхбранд или ДАЈХБРАНД (германски: DEICHBRAND) — музички фестивал на отворено кој се одржува секоја година во или во околината на Куксхафен. Во 2009 година, фестивалот го посетиле повеќе од 10.000 лица,[1] а во 2011 година со продажба на скоро 20.000 влезници истиот бил за првпат во целост распродаден. Во 2012 и 2013 година, на фестивалот присуствувале околу 25.000[2] односно 35.000 лица,[3] додека на јубилејното издание во 2014 година бил надминат бројот од 40.000 посетители. Во 2016 година, фестивалот за првпат имал повеќе од 50.000 посетители, со што бил поставен нов посетителски рекорд.[4]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Inga Hansen: Gummistiefel, Gitarren und viel Spaß. Nordsee-Zeitung. 20 јули 2009.
  2. Deichbrand meldet Sold-Out, abgerufen am 22. Juli 2013.
  3. deichbrand.de abgerufen am 22. Juli 2013
  4. Das Deichbrand Festival 2016 bricht alle Rekorde.. www.n-joy.de.