Дајрон Роблес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Медали

Дајрон Роблес
Машка атлетика
Натпреварувач за Куба Куба
Олимписки игри
Злато 2008 Пекинг

Дајрон Роблес (роден на 19 ноември 1986 во Гвантанамо) е кубански атлетичар и актуелен сопственик на светскиот рекорд во дисциплината 110m со пречки, со време од 12,87s истрчано на 12 јуни 2008, на митингот во Острава.

Дајрон Роблес во олимпиското финале на трката на 110m со пречки на 21 август 2008 во Пекинг

На светското првенство во сала во 2006, одржано во Москва, во трката на 60m со пречки Дајрон заврши втор со личен рекорд од 7,46s, резултат кој подоцна го подобри со време од 7,33s што претставува втор најдобар резултат на сите времиња по светскиот рекорд на Колин Џексон. На светското првенство во сала во 2008, одржано во Вленсија, Роблес не ги помина ни квалификациските групи, бидејќи престана да трча мислејќи дека натпреварувачот во соседната патека Сјанг Љу направил погрешен старт. Ова беше големо разочарување за Дајрон кој имаше 9 од 11 најбрзи времиња во текот на зимата и беше најголем фаворит за освојување на златниот медал.[1]

На Летните олимписки игри - 2008 одржани во Пекинг, многумина беа во очекување на дуелот Роблес-Лиу во финалето, но поради повреда Сјанг Љу се откажа уште во квалификациите, па Роблес лесно стигна до златниот медал со време од 12,93s.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]