Дача

Од Википедија — слободната енциклопедија
Уредување на дача

Дача (руски: ) - руски назив за сезонска или целогодишна викендичка, која често се наоѓа вон руските градови.

Дачиите се чести во Русија и распространети во повеќето земји од поранешниот Советски Сојуз. Се проценува дека околу 50% од руските семејства кои живеат во големите градови имаат дача.[1]

Викендичките и бараките што служат како главен или единствен дом за семејството не се сметаат за дачи. Некои дачи се преуредуваат како целогодишни престојувалишта. Во некои случаи, сопствениците на дачите поминуваат дел од годината во нив, а остатокот од времето ги изнајмуваат.

Во периодот од 1963 до 1985 година, постоеле ограничувања за големината и опремата на дачите. После тоа, а особено од 1990 година, нема ограничувања.

Секој што постојано живее во дача, колоквијално се нарекува дачник; поимот обично се однесува на препознатлив стил на живот.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]