Дахау (концентрационен логор)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Дахау)
Главниот влез во концентрациониот логор Дахау по ослободувањето во 1945.
Сите затвореници влегувале низ оваа порта, на која пишува: Arbeit macht frei (герм. Работата ослободува).

Дахау (герм. Dachau) бил првиот концентрационен логор на Нацистичка Германија сместен на местото на напуштена фабрика за муниција, близу до местото Дахау во Баварија, Германија.

Логорот бил отворен во јуни 1933., и бил првиот концентрационен логор воспоставен од коалиционата влада на нацистите и Католичката централистичка партија (распуштена во јули 1933.). Хајнрих Химлер, тогашниот шеф на Минхенската полиција, официјално го опишал кампот како „прв концентрационен логор за политички затвореници“.[1] Дахау служел како пример и прототип на сите други нацистички концентрациони логори изградени подоцна.[2] Вкупно, преку 200.000 затвореници од преку 30 земји биле затворени во Дахау од кои речиси една третина биле Евреи.[3] Во логорот и придружните логори се верува дека умреле вкупно 35.613[4], и тоа најголемиот дел од болести, глад и самоубиства. На почетокот на 1945. имало голема епидемија на тифус поради која тој бил и евакуиран, а голем број послаби затвореници починале.

Доцна попладнето на 29 април 1945, концентрациониот логор Дахау бил ослободен од 42. Дивизија на Американската армија со посредство на претставник од Црвениот крст. Во моментот во логорот се наоѓале околу 32.000 затвореници од кои голем број заболени од тифус, и околу 300 стражари припадници на СС.[5]

Заедно со многу поголемиот Аушвиц, Дахау станал симбол на нацистичките концентрациони логори. Тој бил еден од првите ослободени логори во 1945., кои му ја откриле на светот реалноста и бруталноста на нацистичкиот режим.[6]

Дахау како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Блуз за Дахау“ (Dachau Blues) - песна на американската рок-група Captain Beefheart and his Magic Band од 1969 година.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Изјавата за печат на Хајнрих Химлер (герм.)“. Архивирано од изворникот на 2012-12-04. Посетено на 2008-03-20.
  2. United States Holocaust Memorial Museum. "The Holocaust." Holocaust Encyclopedia.
  3. „Дахау - првиот концентрационен логор (англ.)“. Архивирано од изворникот на 2006-06-19. Посетено на 2008-03-20.
  4. That Was Dachau 1933 - 1945 by Stanislav Zámečník Page 377 and 379
  5. „Ослободувањето на Дахау, Никзор проект (англ.)“. Архивирано од изворникот на 2008-05-09. Посетено на 2008-03-20.
  6. Ханс Литен (герм.).
  7. YouTube, Captain Beefheart - Dachau Blues (пристапено на 16.3.2018)